Спротивставени ставови за минималната плата, најавени протести и предупредувања

t

Едните велат, прво продуктивност, па плати. Другите возвраќаат, без повисоки плати нема ни продуктивност. Во средината на оваа економска дилема се работниците, чии приходи се потешко го стигнуваат животниот стандард.

Дали решението е во поголема ефикасност или во зголемување на минималната плата и што навистина ја движи економијата напред? Наместо да зборуваат за зголемување на минималецот, македонските работници да се доквалификуваат и преквалификуваат, а работодавците да вложуваат во модернизирање на производството за да им овозможат на работниците поголема продуктивност, вели Никица Мојсовски Блажевска од организацијата Македонија 2025. Таа смета дека животниот стандард на македонскиот работник не се намалува, бидејќи статистички, реалната нето плата годинава се зголемила за 5,5%.

Зголемувањето на продуктивноста на работниците не зависи од нив, туку од нивните работодавци, кои наместо да вложуваат во модернизација на производството, упорно бараат поголема продуктивност.

Од Сојузот на синдикати велат дека ваквата политика на работодавците и поддржани од властодршците направија земјава да ја изеде „бела чума“ и да остане без никакви работници, кои се повеќе бегаат надвор. Затоа, оттаму бараат под итно зголемување на минималецот на 600 евра, што според нив ќе биде двигатгел на продуктивноста на работниците.

Со неполни 400 евра минимална плата, Македонија е на претпоследното место во регионот. Пред неа е само Косово, кое ќе ја стигне земјава после 1 јули, кога тамошниот минималец ќе скокне на 450 евра.

Во март следува усогласување на платите со трошоците на живот, што ќе придонесе за минимално зголемување на личните дохгоди од 1500 до 2000 денари. Во меѓувреме, од ССМ се заканија со протести и блокади до крајот на месецов доколку нема 600 евра минималец. Владата ќе се согласи, доколку работодавците и синдикатите се договорат. Наспроти ова, дел од економистите се претпазливи и велат дека зголемување на платите без основ, можат да ја зголемат и невработеноста и инфлцијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Спротивставени ставови за минималната плата, најавени протести…

Едните велат, прво продуктивност, па плати. Другите…

Никаде во Европа нема ваква корумпирана Влада,…

„Споредбите со земјите од ЕУ како аргумент…

Македонија се задолжи за 40 МИЛИОНИ ЕВРА…

Со одлука на Владата, Македонија се задолжува…

Заглавени 69 милиони евра, празни зони и…

Финансиски неправилности, недоволна искористеност на државниот имот…

Пробиен безбедносниот систем на БКТ, најголемата банка…

Голем број клиенти на Национална трговска Банка…