Македонија се задолжи за 40 МИЛИОНИ ЕВРА во Шпаркасе банка!
Со одлука на Владата, Македонија се задолжува за нови 40 милиони денари, како краткорочно задолжување во Шпаркасе банка. Одлуката е донесена на владината седница на 2 декември, а објавена во службен весник број 245 од 5 декември 2025 година.
„Република Северна Македонија се задолжува со краткорочен кредит во вкупен износ од 40.000.000,00 (четириесет милиони) евра во денарска противвреднос по среден курс на Народната банка на Република Северна Македонија на денот на плаќањето, кај Шпаркасе банка АД Скопје.
Краткорочниот кредит од став 1 на овој член ќе се користи за финансирање на буџетските потреби на Република Северна Македонија.“ стои во објавата во Службен весник.

Средствата од краткорочниот кредит утврдени во Договорот од член 2 од оваа одлука ќе се користат под следните услови:
- каматна стапка: варијабилна 12м Еурибор + маргина 1.20%;
- рок на отплата: до една година;
- начин на отплата: еднократна отплата, согласно Договорот и
- провизии и трошоци: еднократна провизија за водење на кредитен аранжман во износ од 0,35% од вкупниот износ на кредитот
Пред неколку дена Владата до Собранието поднесе Предлог Закон за ново задолжување од 20 милиони евра, за изградба на фискултурни сали ама без информација за износот на каматната стапка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…
Во јули годинава се издадени 367 одобренија…
Владата прави методологија струјата да не поскапи,…
Владата прави методологија за да се задржи…
Пендаровски: Независноста не ни е подарена туку…
Со честитка по повод Денот на независноста…
Орхан Муртезани стапи на функцијата во НАТО,…
Новиот македонски амбасадор во НАТО, поранешниот министер…
Мицкоски: Владата сега се задолжува за да…
По обвинувањата од опозицијата дека Владата за…