Срамота: Зголемен е бројот на социјални случаи, а Ковачевски се фали дека го подобрил стандардот на најранливите категории

Во изјава за медиуми, премиерот Димитар Ковачевски истакна дека една од основите на постојната владина програма е зголемување на животниот стандард на населението.
Минималната плата од 18.000 денари која се постигна преку економско социјалниот дијалог и историскиот договор со сите засегнати страни, е двојно поголема од онаа во 2014 и 2015 година.
„Да не заборавиме дека во 2014 – 2015 година минималната плата беше 9.000 денари, дури и под 9.000 денари во одредени индустрии, а денес има минимална плата која што е 18.000 денари“, истакна премиерот Ковачевски.
„Доколку се земе предвид потрошувачката кошница, односно синдикалната кошничка која е објавена од страна на синдикатот, со две сегашни минимални плати од 18.000 денари, се покрива целата синдикална кошничка. За разлика од сега, во периодот 2014 -2015 година беа потребни 4.25 тогашни минимални плати за покривање на една синдикална кошничка. Тоа најдобро потврдува дека е зголемен стандардот на најранливите категории на граѓани што е една од целите на оваа влада“, посочи премиерот Ковачевски.
Како што информираше премиерот, во петок започнува дијалог за зголемување на пензиите и утврдување нова методологија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДОБРИ ВЕСТИ: Направена е нарачка за лекот…
Лекот „трикафта“ за болните од цистична фиброза…
Ковачевски: Денеска го одбележуваме Денот на Охридското…
Денеска го одбележуваме Денот на Охридското Езеро…
Ковачевски: Финансискиот систем успешно се справи со…
Претседателот на Владата на Република С. Македонија…
Мицкоски до Ковачевски: Достоинството или го имаш,…
Достоинство или го имаш или воопшто го…
Каракамишева: Ако ова не е страшно за…
Целата јавност со горчина ја критикува реакцијата…