Србин нуди награда од 10.000 евра за оној кој ќе го пронајде неговото куче!

t

Еден сопственик нуди неверојатна награда на оној кој што ќе го најде неговот изгубено куче.

Љубовта кон кучињата е посебна, па само оние кои имаат домашно милениче можат да разберат како се чувствуваат луѓето кога ќе му се случи нешто лошо на нивното куче или едноставно ќе се изгуби, па не можат да го најдат со месеци.

„Награда од 10.000 евра на оној кој ќе го најде“, напишал сопственикот на својата Фејсбук страница заедно со фотографиите од неговото куче.

„Морате да го фотографирате кучето за кое мислите дека е моети и да ми испратите слика во инбокс. Повторувам, без прашања каде исчезна и кога бидејќи веќе не е важно, може да биде насекаде во Србија ичи во нечиј двор.“, додаде во објавата.

Со оглед на тоа дека сопственикот нуди голема награда на кој ќе го најде кучето, објавата многу брзо се прошири на социјалните мрежи, но и медиумите. „Би помогнал без никаква награда… Ние што имаме кучиња знаеме каква љубов е тоа“, „Од срце ви посакувам да го најдете“, „Кој ќе го најде да не зема пари“, пишуваат други.

Кучето го немало речиси четири месеци, а сопственикот открил дека не е со микрочип.

„Веројатно веќе не ни личи на себе, но шаблоните не се менуваат“, додаде тој, нагласувајќи дека го собрала „шинтер служба на 350 километри од неговото место“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Вучиќ и Додик: Србите не се…

Во пресрет на утрешната седница на Генералното…

СПЦ: Утре наутро молитви во Хиландар за…

Хиландарскиот игумен Методиј со монасите ќе се…

Стејт департмент: Разочарани сме од акцијата на…

Американскиот Стејт департмент соопшти дека е разочаран…

Српскиот патријарх се помоли Господ да му…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, утрово во…

Мисијата на Србија во ОН апелира до…

Вршителот на должноста во Постојаната мисија на…