Објавено на:

Србија испраќа 900 тони хуманитарна помош за Палестинците во Газа

t

Владата на Република Србија денеска испрати втор авион со хуманитарна помош во знак на солидарност и поддршка на палестинскиот народ во Појасот Газа. Пратката се состои од храна, медицинска опрема, шатори за сместување на раселеното население и вода неопходна во сегашните услови во Газа и е дел од вкупно 900-те тони хуманитарна помош за Газа.

Вчера тргна првиот авион со 52 тони помош, денеска оди вториот, а остатокот од помошта ќе се транспортира со брод. Хуманитарната помош ќе биде дистрибуирана со помош на Министерството за надворешни работи и Црвената полумесечина на Египет, изјави министерот за трговија Томислав Момировиќ на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград.

Тој рече дека должност на Србија и на народот е да покажат солидарност и внимание кога ќе видат дека има тешка хуманитарна ситуација во некој дел од светот и им се заблагодари на сите што учествувале во собирањето и организирањето на испраќањето помош.

Ќе ја следиме ситуацијата и доколку има потреба ќе излеземе со дополнителна помош“, најави Момировиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Србија ќе изгради музеј во чест на…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави…

Нови протести против ископувањето на литиум во…

Во Јагодина, Сремска Митровица, Инѓа и Книќ…

Вучиќ: Курти се обидува да предизвика војна

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ обвини дека…

Протести ширум Србија: Граѓаните не сакаат ископ…

Во градовите ширум Србија вечерва се одржуваат…

В.д. директорот на Поштата на Србија: Продолжен…

В.д. директорот на Поштата на Србија, Зоран…