Србија ќе изгради музеј во чест на Новак Ѓоковиќ!
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека верува оти наскоро ќе започне изградбата на музејот на Новак Ѓоковиќ и додаде дека првите разговори за ова прашање се одржани денеска, што ќе биде уште една атракција.
„Палма (де Мајорка) има музеј посветен на Рафаел Надал. Ќе гледаме да покажеме во согласност со неговите заслуги што направи за нашата земја и во исто време да привлече туристи. Новак е поголем од Надал во овој прекрасен спорт. не знам дали знаете колкава е неговата популарност, не само кај нас, туку да речеме во Кина, кога на кинески функционер ќе му подарите рекет на Новак Ѓоковиќ, тој не смее да го земе, бидејќи би се сметал за преголем и прескап подарок“, изјави Вучиќ.
„Верувам дека можеме да го завршиме многу пред Експо и да им го понудиме како содржина на туристите. Со ова Белград станува главен центар, метропола на целиот регион, не само на поранешна Југославија, туку и значително пошироко од тоа. затоа што треба да имаш таков град, за да можеш да привлечеш луѓе и верувам дека сме на вистинскиот пат“, рече Вучиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Студентската листа во Србија бара оставки во…
Претставниците на Студентската листа „Студентите победуваат“ во…
Британски „Тајмс“: „Првиот куршум е за тебе“…
Поранешниот српски претседател Александар Вучиќ наводно размислувал…
„Студентската листа“ нема намера да воведува санкции…
„Студентската листа“ нема намера да воведува санкции…
Вучиќ: Ги молам државните органи да си…
Носителот на листата „Обединета Србија“, Александар Вучиќ,…
Иницијативи до РЕМ за одземање на лиценцата…
Независното здружение на новинари на Србија (НУНС)…