Средба на Сиљановска-Давкова со швајцарскиот претседател Пармелан во Дубаи
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на учеството на Светскиот самит на владите во Дубаи, оствари средба со претседателот на Швајцарската конфедерација, Ги Пармелан.
На средбата беше реафирмирано високото ниво на партнерство меѓу двете држави, што се основа на пријателство, заемна доверба и почит. Претседателката изрази уверување за натамошно продлабочување на политичкиот дијалог на највисоко ниво.
Во таа насока, претседателката упати покана за официјална посета на претседателот Пармелан.
Таа се заблагодари за проектната помош во различни области, со што Швајцарија е меѓу најголемите билатерални донатори во нашата држава.
Посочи на важноста на поддршката што Швајцарија ја дава за стратешките определби на нашата држава, што според неа ја демонстрира швајцарската посветеност за стабилност, развој и европска иднина на нашиот регион.
Соговорниците го споделија мислењето за важноста на бројната македонска заедница во Швајцарија како важна нишка во развојот на односите меѓу двете држави.
Претседателката повика на натамошно интензивирање на економската соработка и зголемување на трговската размена, вклучително и зголемување на швајцарските директни инвестиции.
Сиљановска-Давкова изрази сочувство за трагедијата во ноќниот клуб во Кран Монтана на новогодишната ноќ и загубата на човечки животи, како ужасен потсетник на трагедијата во Кочани, што остави трајни рани во македонското општество.
Двајцата претседатели разменија мислења и за актуелните случувања на глобален план.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Средба на Сиљановска-Давкова со швајцарскиот претседател Пармелан…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на учеството…
Рокас: Хронично недоволното финансирање го слабее судството
Независноста и ефикасноста на судството не се…
(Видео) Проба да ги прегази граничарите: Македонски…
На граничнот премин „Блато“ на македонско –…
Зеленски: Русија го прекрши енергетското примирје и…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека…
Косово воведе итна забрана за увоз на…
Косовската агенција за храна и ветеринарство донесе…