Рокас: Хронично недоволното финансирање го слабее судството
Независноста и ефикасноста на судството не се две различни патеки туку одат една со друга, а граѓаните ги очекуваат и двете, рече во своето излагање евроамбасадорот Михалис Рокас. Тој притоа истакна дека за спроведување на реформите судството треба да има неопходен буџет.
„Ефикасноста на судството не може да се постигне без адекватни и предвидливи извори. Оттука буџетот од 2025 уште еднаш потфрли во ефикасно обезбедувањето фондови за судскиот сектор. Само 0,3 или 0,29 проценти од БДП беа алоцирани во судството што е под бараните 0,8 проценти. Оваа хронично недоволно финансирање ја слабее институционалната независност и го ограничува системскиот капацитет за а испорача навремена правда“, рече Рокас.
Министерот за правда Игор Филков рече дека изминатиот период се подготвени околу триесетина закони со кои се спроведуваат системските реформи во правосудството. Порача дека со нив ќе има реформи, а најави и дигитализација во правосудството.
„Реформите мора да обезбедат, пополнување на работните места, модернизација на инфраструктурата, зајакнување на институционалниот интегритет, зголемување на довербата на јавноста преку транспарентност, етички стандарди и подобрена комуникација. Подготвени се и други закони кои се дел од реформската агенда како и други стратешки документи во насока на комплетно ресетирање на правосудниот систем“, изјави Филков.
Претседателот на Врховниот суд Африм Фидани се пожали дека судиите не биле консултирани кога се носеле законите и порача дека во иднина треба да се земе во предвид и нивното мислење. Истакна дека независноста подразбира и финансиска независност, а нема квалитетна правда со преоптоварени судии, рече тој. Претседателот на Судскиот совет Александар Камбовски пак истакна дека во најголем број европски држави судската власт има можност самата да планира и вработува без да чека согласност од Владата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски од Диселдорф: Македонија 15 години не…
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека Македонија веќе…
Во Солун уапсен маж кој се барал…
Во Солун синоќа бил уапсен 43-годишен маж,…
Клековски најави формирање комисија за случајот со…
Министерот за здравство Сашо Клековски најави формирање…
„Волстрит џурнал“: НАТО подготвува планови за удари…
„Волстрит џурнал“: НАТО подготвува планови за удари…
Зеленски се надева дека резултатите од американските…
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека се…