Средба Петровска-Бојер: САД ќе помагаат во модернизација на АРМ

t

Денес министерката за одбрана Славјанка Петровска имаше средба со Спенсер Бојер, заменик помошник секретар за одбрана за Европска и НАТО политика на САД, кој е дел од делегацијата на советникот на Стејт департментот Дерек Шоле, кој е во посета на Македонија.

Тие разговараа за стратешкото партнерство меѓу Република Македонија и САД во рамки на одбраната, при што министерката Славјанка Петровска го запозна помошник секретарот Бојер за тековните проекти за модернизација и опремување на Армијата, чекорите кои ги презема Македонија во насока на зголемување на регионалната стабилност и безбедност, како и помошта и поддршката за Украина, соопшти МО.

Петровска истакна дека САД се наш долгогодишен стратегиски партнер во развојот на армиските капацитети и изрази благодарност за сојузничката поддршка од 106 милиони американски долари за модернизација, опремување и развој на капацитетите на Армијата во 2022 година. Таа потенцира дека САД одлучно ја демонстрираат својата заложба за мир, стабилност и просперитет на регионот и одлучно и посветено ја поддржуваат воената модернизација на Македонија.

– Нашите стратешки партнери САД, недвосмислено ги поддржуваат нашите напори да изградиме современи интероперабилни сили и модерна Армија. Буџетот за одбрана во последните неколку години бележи невиден раст – бројките се непобитен доказ за нашата решеност да инвестираме повеќе во Армијата и нејзините припадници, вели Петровска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДУИ: Фактот дека од 35-те приведени лица,…

Демократската унија за интеграција изразува најискрено сочувство…

Трамп: Многу скоро целосно примирје, а потоа…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека очекува…

„Мајкино око душата ми е распарчена“: Млада…

Трагедијата која го погоди Кочани и целата…

Факултетско студентско собрание на Филозофскиот факултет при…

Независно Студентско Собрание при УКИМ соопшти дека…

(Возневирувачко видео) Се прошируваат гробиштата во Кочани,…

Гробиштата во Кочани се прошируваат за да…