Средба Петровска-Бојер: САД ќе помагаат во модернизација на АРМ
Денес министерката за одбрана Славјанка Петровска имаше средба со Спенсер Бојер, заменик помошник секретар за одбрана за Европска и НАТО политика на САД, кој е дел од делегацијата на советникот на Стејт департментот Дерек Шоле, кој е во посета на Македонија.
Тие разговараа за стратешкото партнерство меѓу Република Македонија и САД во рамки на одбраната, при што министерката Славјанка Петровска го запозна помошник секретарот Бојер за тековните проекти за модернизација и опремување на Армијата, чекорите кои ги презема Македонија во насока на зголемување на регионалната стабилност и безбедност, како и помошта и поддршката за Украина, соопшти МО.
Петровска истакна дека САД се наш долгогодишен стратегиски партнер во развојот на армиските капацитети и изрази благодарност за сојузничката поддршка од 106 милиони американски долари за модернизација, опремување и развој на капацитетите на Армијата во 2022 година. Таа потенцира дека САД одлучно ја демонстрираат својата заложба за мир, стабилност и просперитет на регионот и одлучно и посветено ја поддржуваат воената модернизација на Македонија.
– Нашите стратешки партнери САД, недвосмислено ги поддржуваат нашите напори да изградиме современи интероперабилни сили и модерна Армија. Буџетот за одбрана во последните неколку години бележи невиден раст – бројките се непобитен доказ за нашата решеност да инвестираме повеќе во Армијата и нејзините припадници, вели Петровска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…
Трамп изјави дека Украина мора да сака…
Американскиот претседател Доналд Трамп ја повика Украина…
Администрацијата на Трамп поништи над 300.000 визи…
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп поништила…