Српската академска заедница бара Фон дер Лајен да ја одложи посетата на Белград за по изборите
Членовите на Академската заедница на Србија денеска упатија писмо до претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, барајќи од неа да размисли за одлагање на нејзината посета на Белград планирана за октомври, за по изборите, со цел нејзиноот евентуално доаѓање да не биде злоупотребено од страна на провладините медиуми за тврдења дека Европа ја поддржува актуелната власт во Србија.
„Доколку временската рамка и околностите на кампањата не дозволуваат да ја заштитите вашата посета од таква инструментализација, ве молиме да размислите за одлагање за по изборите. Европа не треба да гласа за Србија. Тоа треба да го сторат граѓаните на Србија“, се наведува во писмото на Академската заедница.
Членовите на заедницата наведуваат дека се свесни оти посетата на Белград била планирана долго пред распишувањето на парламентарните избори, но дека доколку изборите се одржат на крајот на октомври, посетата на Фон дер Лајен би можела да се совпадне со последната фаза од кампањата и дека прашањето е какво значење би можела да има таа посета.

„Меѓународните набљудувачи и европските институции постојано ја документираат сериозно нерамноправната изборна трка во Србија, вклучувајќи ги и тајните форми на водење кампања од страна на државниот апарат и владејачките партии, злоупотребата на јавните ресурси, притисокот врз вработените во јавниот сектор и драстичното потиснување на медиумскиот плурализам. Во такви околности, сликата од средбата на претседателката на Европската комисија со (српскиот) претседател Александар Вучиќ непосредно пред изборите, би можела да биде искористена од медиумите блиски до владејачката партија за да ја испратат пораката: „Европа ја поддржува сегашната власт“, се вели во писмото.
Во него се изразува увереност дека тоа не е намерата на Фон дер Лајен, но се додава дека осудите не се доволни за да се спречи таквата злоупотреба.
„Доколку ја посетите Србија за време на изборната кампања, ве молиме истакнете ги овие прашања како дел од вашата програма и направете ги официјална порака од вашата посета, како и потсетете се на стандардите што веќе ги искажаа Европската комисија, Европскиот парламент и ОБСЕ/ОДИХР. Ова е особено важно откако самите претставници на Европскиот парламент станаа цел на непријателска реторика од страна на српски функционери поради изразување загриженост за демократијата и интегритетот на изборниот процес“, се додава во писмото.
Потписниците, исто така, го покануваат претседателот на Европската комисија да ја посети железничката станица во Нови Сад и да им оддаде почит на жртвите од падот на натстрешницата, додавајќи дека таков гест не би бил чин на поддршка за кој било политички актер.
„Исто така, се надеваме дека јавно ќе ги изразите вашите очекувања дека српските институции ќе дадат целосни, независни и веродостојни одговори за тоа како се случила оваа трагедија и кој е одговорен за неа… Не ве молиме да го поддржите студентското движење, опозицијата или која било изборна листа. Ве молиме да не поддржувате никого. Оној што ја управува Србија треба да биде избран по волјата на нејзините граѓани на слободни и фер избори. Ве молиме преземете ги сите чекори за да спречите присвојување на вашиот институционален авторитет од страна на кој било учесник во изборната трка и да избегнувате дејствија или најави што би можеле да се злоупотребат како изборна поддршка“, се вели во писмото потпишано од 118 членови на Академската заедница.
Фон дер Лајен последниве години традиционално секоја есен ги посетува земјите од Западниот Балкан. Западнобалканската турнеја на Фон дер Лајен вообичаено се одржува во октомври.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Српската академска заедница бара Фон дер Лајен…
Членовите на Академската заедница на Србија денеска…
Груби и Димовски не се чувствуваат виновни…
На поранешниот вицепремиер Артан Груби кој од…
Шест активни пожари и девет под контрола…
На ден 07.09.2026 година, до 13:00 часот,…
Од среда нестабилно време со пороен дожд,…
Во среда и четврток претпладне времето ќе…
Ангелов: Вчерашниот ден беше еден од најтешките…
Вчерашниот ден бил еден од најтешките оваа…