Објавено на:

Српскиот Патријарх се закани: Можен е раскол со Вселенската патријаршија ако биде признаена автокефалноста на МПЦ-ОА

t

Епископот бачки Иринеј (Буловиќ) изјави дека е неопходно да продолжи дијалогот меѓу СПЦ и МПЦ за надминување на отвореното црковно прашање.

Во интервју за српскиот неделник „Печат“ објавено на сајтот на Бачката епархија, епископот Иринеј, кој е духовен отец и еден од најблиските сoработници на српскиот патријарх Порфириј, вели дека актуелната општа состојба во С.Македонија и духовната потреба на верниците поттикнува и повикува на дијалог како единствено исправен начин за решавање на проблемот.


Тој посочува дека веќе нема, како што наведува, судско-полициско насилство врз Јован Вранишковски, првиот архиереј на автономната од СПЦ, ПОА, нејзините свештеници, монаси и верници. Сепак, забележува дека се уште не била спроведена одлуката на судот во Стразбур за регистрација на ПОА.

– Сметам дека без оглед на овие негативни нуспојави, општата атмосфера кај нашите јужни соседи, а пред се неопходната духовна потреба овозможува продолжување на дијалогот меѓу нашата Црква и Црквата која е во раскол. И не само што го овозможува, туку нè охрабрува и не повикува на дијалог како единствен правилен и ефективен начин за надминување на овој повеќедецениски проблем. Единството на Црквата и нејзиниот канонски поредок се најголемиот Божји дар за нас и, истовремено, најважната задача и подвиг, вели епископот на СПЦ, Иринеј бачки.

Повикот за возобновување на дијалогот меѓу Српската и Македонската црква доаѓа по неодамнешниот прием на епископот антаниски и игумен на Бигорскиот манастир г. Партениј во придружба на монаси и монахињи кај вселенскиот патријарх Вартоломеј, што од претставници на Фанар беше оценето како голем чекор на Вселенската патријаршија за решавање на црковното прашање и признавање на МПЦ-ОА.

Приемот на епископот Партениј кај вселенскиот патријарх Вартоломеј следуваше по посетата на Атина каде што присуствуваше на вечерна служба и на Божествена Литургија во црквата „Св. Пантелејмон“, најголемиот храм во грчката престолнина, како и на Меѓународниот фестивал на православна црковна музика, со благослов на архиепископот на Атина и на цела Грција г.г. Јероним.

Српската православна црква, претходно преку викарот на патријархот Порфириј, епископот моравички Антониј, се закани дека е можен раскол со Вселенската патријаршија ако биде признаена автокефалноста на МПЦ-ОА.

СПЦ е во повеќедецениски спор со МПЦ-ОА, оспорувајќи ја нејзината афтокефалност. Разговорите што повремено се водат не доведоа до позитивен исход, поради што МПЦ-ОА за решавање на својот статус се обрати до Фанар и вселенскиот патријарх Вартоломеј.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сите ќе ги задоволиме, за сите уставот…

„Постојат држави како што е Република Македонија…

Петков: Оваа работа ќе го замени национализмот

Премиерот Димитар Ковачевски, придружуван од министрите кои…

Бектеши: За економијата лесно ќе се договориме…

Во делот на економијата најверојатно ќе можеме…

Бугарија поради одговорност кон ЕУ ставила вето…

Во пресрет на заедничката седница на владите…

Мартин во Охрид го извади крстот од…

По минатогодишниот привремен прекин поради пандемијата со…