Српски верски аналитичар: МПЦ-ОА ќе има највисок степен на автономија во рамките на СПЦ

t

Според верскиот аналитичар од Србија, Драшко Џеновиќ, Вселенската патријаршија се уште официјално не ја признала МПЦ за автокефална, иако вели така се добива впечаток по медиумите. Тој во разговор за „Локално“ појаснува делови од соопштението на Вселенската патријаршија.

-Епископатот, свештенството и народот на Црквата под раководство на архиепископот Стефан се примени во евхаристиската заедница за да ги залечат раните од расколот, со поливање „масло и вино“ врз раните на браќата и сестрите. За таа цел биле издадени соодветни патријаршиски и синодални акти. Како второ, на Светата црква на Србија и е оставено да раководи со управните работи меѓу неа и црквата во Северна Македонија, во рамките на канонскиот поредок и црковната традиција. И како трето, вашата црква е признаена е како „Охридска“ (значи областа на нејзина јурисдикција само во рамките на државата Северна Македонија), а како што писмено вети Цариградската патријаршија, терминот Македонска и другите изведеници од зборот Македонија се исклучени, потенцира Џеновиќ.

Аналитичарот објаснува дека тоа не значи признавање на автокефалноста на МПЦ.

-Прашањето за канонскиот поредок на МПЦ беше препуштено на СПЦ, а на некој начин оваа одлука на Цариградската патријаршија е само поттик за продолжување на дијалогот за решавање на правниот статус на МПЦ. Интересно е што МПЦ се нарекува Охридска, а Српската православна црква-црква на Србија. Цариград ги признава активностите на МПЦ само во границите на Северна Македонија, што значи дека во случај на целосно признавање, МПЦ би ги загубила своите епархии надвор од границите на Северна Македонија. Исто така не е призната во терминот на црквата „Македонска“. Значи, јасно е дека не се работи за давање на томос (чин со кој одредена православна црква станува автокефална), туку МПЦ се упатува кон СПЦ за да се реши нејзиниот канонски статус, вели Џеновиќ.

Верскиот аналитичар информира дека МПЦ-Охридска архиепископија, на овогодинешната седница на Парламентот во Белград во мај ќе се врати на канонско единство со СПЦ, а со тоа и на канонското единство со сите помесни православни цркви.

-На овој начин ќе се исцели расколот од 1967 година. Претпоставувам дека Охридската архиепископија ќе има највисок степен на самостојност, т.е. независност во рамките на СПЦ, што потоа би го отворило патот за еден ден (што можеби е договорено меѓу затворени врати). Сите епископи и свештеници на МПЦ имаат апостолско наследство, така што нема канонски причини да не бидат примени во ниту една канонска православна црква со сите титули што ги имаат, смета Џеновиќ.

Извор: Локално

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Извештај на „Ал Мада“: Сценарија за американски…

Ирачкиот премиер Али ал Заиди им соопштил…

РУБИО СО ОСТРИ КРИТИКИ КОН ИРАН: Преговорите…

Американскиот државен секретар Марко Рубио упати остри…

АМЕРИКА ГО ПОДГОТВУВА ИЗРАЕЛ ЗА ТРЕТ БРАН…

Американската Централна команда (ЦЕНТКОМ) испратила порака до…

(Видео) ОГРОМЕН ПОЖАР ВО НАЈГОЛЕМОТО ГАСНО НАОЃАЛИШТЕ…

Силен пожар избувна вечерва во гасното наоѓалиште…

ТРАГЕДИЈА ВО ЕГИПЕТ: Седум загинати и над…

Најмалку седум лица загинаа, а повеќе од…