Српското обвинителство му одреди два дена притвор на 19-годишен Македонец, поради обид за убиство

t

Со наредба на Вишото јавно обвинителство во Белград, на 19 – годишниот А.А., државјанин на Република Северна Македонија, му е одреден притвор до 48 часа, поради постоење основи на сомнение дека на 8 јули 2025 година, во Белград, се обидел да го одземе животот на Н.А.

Осомничениот се товари за кривично дело обид за убиство и кривично дело недозволено производство, поседување, носење и тргување со оружје и експлозивни материи.

Постојат основи на сомнение дека А.А. на 8 јули минатата година, тој испукал неколку проектили од пиштол во правец на повредениот Н.А. на улицата „Народни Херои“, кој во тој момент се наоѓал во своето возило.

Како што дознава „Танјуг“, оштетениот Н.А. е Ненад Алајбеговиќ, познат како Алибег, поранешен водач на навивачите на „Партизан“, кој бил застрелан со неколку куршуми.

Според информациите што ги пренесуваат српските медиуми, осомничениот бил приведен додека се обидувал да ја напушти територијата на Србија и да премине во Хрватска. Апсењето било извршено на границата, а случајот го презеле надлежните истражни органи во Белград.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Српското обвинителство му одреди два дена притвор…

Со наредба на Вишото јавно обвинителство во…

Украдени злато, пари и службена „дачиа“ на…

Во текот на викендот биле украдени злато,…

Калас: Путин го испорачува истиот список на…

Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи…

Охридскиот градоначалник: Најостро го осудувам насилниот настан!

„Најостро го осудувам насилниот настан што го…

Насилникот повторно е лишен од слобода поради…

Насилникот повторно е лишен од слобода поради…