Српско обвинителство: Запленетата марихуана била носена во Србија од Македонија преку македонска фирма

t

Иван Драгниќ, еден од српските државјани кој беше уапсен во голема полициска акција во Србија за пет тони марихуана, а за која сомнежот е дека е внесена од Македонија, има фирма во Скопје, односно е косопственик со уште тројца Срби, пишуваат српските медиуми. Станува збор за фирмата „Алфафарм Гроуп“ ДОО Скопје, која е основана во 2023 година, со основна главнина од 529.050 евра.

Компанијата е регистрирана за одгледување и преработка на зачински, ароматични и лековити растенија за фармацевтска употреба.

Според податоците од Централниот регистер, косопственици на фирмата се Иван Драгниќ, Предраг Брковиќ, Роберт Живковиќ и Јована Мијаловиќ.

Сепак, од податоците се заклучува дека на фирмата не ѝ одело толку добро, бидејќи работи со загуби. Според српското обвинителство, марихуаната од Македонија преку граница била пренесувана во Србија.

Засега нема информација ниту реакција од домашните власти на овие информации.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Српско обвинителство: Запленетата марихуана била носена во…

Иван Драгниќ, еден од српските државјани кој…

ПОДАРОК ОД РОМАНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА: Манастирот во…

Дел од моштите на големиот христијански светител…

Алиу: Не сум ја прочитал оставката на…

Министерот за здравство Азир Алиу вели дека…

Мицкоски отфрла можност за предвремени избори, Филипче…

Очекувам да продолжат авторитарните манири на власта…

Радев открива: Македонија барала Орбан да стави…

Поранешниот бугарски претседател Румен Радев во интервју…