Српско обвинителство: Запленетата марихуана била носена во Србија од Македонија преку македонска фирма

t

Иван Драгниќ, еден од српските државјани кој беше уапсен во голема полициска акција во Србија за пет тони марихуана, а за која сомнежот е дека е внесена од Македонија, има фирма во Скопје, односно е косопственик со уште тројца Срби, пишуваат српските медиуми. Станува збор за фирмата „Алфафарм Гроуп“ ДОО Скопје, која е основана во 2023 година, со основна главнина од 529.050 евра.

Компанијата е регистрирана за одгледување и преработка на зачински, ароматични и лековити растенија за фармацевтска употреба.

Според податоците од Централниот регистер, косопственици на фирмата се Иван Драгниќ, Предраг Брковиќ, Роберт Живковиќ и Јована Мијаловиќ.

Сепак, од податоците се заклучува дека на фирмата не ѝ одело толку добро, бидејќи работи со загуби. Според српското обвинителство, марихуаната од Македонија преку граница била пренесувана во Србија.

Засега нема информација ниту реакција од домашните власти на овие информации.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: Во куќата на Заев во Грција…

„Во куќата на Зоран Заев во Грција…

„Фемицидот мора да се спречи пред да…

Мирен протест со пораката „Стоп за фемицидот“…

Студентската листа ја освои Србија, сега отвора…

Претставници на Студентската листа, која победи на…

Меџити: Не размислуваме секогаш исто со Мицкоски,…

Копретседателот на Вреди Изет Меџити, во изјава…

МНОЗИНСКИОТ СОПСТВЕНИК ВО „ИЛОВИЦА“ ИНВЕСТИРА НАД МИЛИЈАРДА…

Трафигура, мнозински сопственик на Еуромакс Ресоурцес, компанијата…