ССМ доби поддршка од Европската конфедерација на синдикати за минималната плата

t

Сојузот на синдикати доби поддршка од Европската конфедерација на синдикати во заложбите за зголемување на минималната плата и сите останати плати.

Во писмото упатено до претседателот на ССМ Слободан Трендафилов се вели дека напорите и заложбите на ССМ за одбрана на работничките права, промовирање на фер минимални плати, обезбедување соодветно зголемување на платите и зајакнување на колективното договарање се целосно легитимни и се од големо значење.

– Тие ги одразуваат реалните потреби на работниците кои се соочуваат со зголемување на трошоците на живот и зголемена економска несигурност. Вашето залагање за пристојни услови за живот и работа е во сржта на синдикалното дејствување и е цврсто засновано на меѓународните и Европските стандарди на трудот, се вели во писмото.

Од Европската конфедерација на синдикати велат дека се особено загрижени за, како што наведуваат, пријавите и извештаите за лично таргетирање и заплашување врз претставниците на синдикатот.

– Особено сме загрижени од пријавите и извештаите за лично таргетирање и заплашување што несомнено има за цел влијание врз претставниците на синдикатите и нивните семејства. Ваквите дејствија се апсолутно неприфатливи и некомпатибилни со демократските принципи. Слободата на здружување, колективното договарање и правото на преземање синдикална акција, активности и чекори, вклучително и штрајк, се фундаментални права заштитени со Конвенциите на МОТ и Европските инструменти за човекови права. Овие права мора да се почитуваат и во Законите и во праксата. Европската конфедерација на синдикати (ETUC) цврсто стои на ваша страна. Ќе продолжиме внимателно да ја следиме ситуацијата и каде што е потребно да изразуваме загриженост на Европско ниво, стои во писмото од Европската конфедерација на синдикати.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ССМ доби поддршка од Европската конфедерација на…

Сојузот на синдикати доби поддршка од Европската…

Личните предмети на загинатите и повредените во…

Повредените и блиските членови на семејствата на…

Израелската војска соопшти дека го завршила „масовниот…

Израелската војска соопшти дека го завршила она…

Почина сопругот на министерката за образование Весна…

По повеќегодишно боледување, на 71-годишна возраст почина…

Јерусалем Пост: Изгубен контакт со Хамнеи, неговата…

Израелскиот весник Јерусалем Пост објави дека е…