Почина сопругот на министерката за образование Весна Јаневска
По повеќегодишно боледување, на 71-годишна возраст почина професорот и хирург Владо Јаневски, истакнат медицински стручњак и сопруг на министерката за образование и наука, Весна Јаневска.
Јаневски беше препознатлив по својата долгогодишна кариера во областа на хирургијата и по посветеноста во медицинската едукација. Низ годините тој важеше за професионалец кој со голема одговорност им пристапуваше на пациентите, но и за ментор кој обучи генерации млади лекари и хирурзи.
Неговото професионално наследство продолжуваат да го носат бројни доктори кои денес работат во Клинички центар „Мајка Тереза“, како и во други здравствени установи во земјата. Колегите го опишуваат како строг, но правичен наставник, како и човек со изразена хуманост и професионален интегритет.
Посмртните останки ќе бидат изложени утре, 1 март, во 11:00 часот, во капелата во Бутел, каде семејството, пријателите, колегите и почитувачите ќе можат да му оддадат последна почит.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
МААЕ потврди: Во Сирија пронајден непријавен нуклеарен…
Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) откри…
Бугарија испрати вербална нота во Србија –…
Бугарската амбасада во Белград им предаде вербална…
Граната од Првата светска војна пронајдена во…
На 17.08.2026 во 10:20 часот во Полициското…
ФФМ ја откажува поддршката за Џани Инфантино
Фудбалската федерација на Македонија откако претходно изрази…
(Видео) Огнената линија е долга 20 километри:…
Поради силен ветер, пожарот во прилепскиот дел…