ССМ најавува протести: Не само минималната, сите плати треба да се покачат

t

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) најавува дека наскоро работниците ќе излезат на улица, а според потпретседателот на Советот на ССМ за приватен сектор Иван Пешевски, протестите може да прераснат и во генерален штрајк.

Во изјава за ТВ Телма претседателот на ССМ Слободан Трајковски рече точниот датум за почетокот на протестите ќе се одреди наредната недела кога ќе заседаваат највисоките органи и тела.

„Никој не треба да се прашува дали треба, или да се плаши да ни се придружи на протестите. Само заедно можеме да се избориме за нашите работнички права“, порачуваат од ССМ деновиве како дел од подготовките за протестите.

Денес, македонската минимална плата е најниска од минималните плати во регионот, а кои од месец јануари, тамошните Влади ги зголемија од 500 евра па нагоре, а нашата Влада и нашите работодавачи одлучија да ги држат нашите работници во сиромаштија, особено ако имаме во предвид дека според Статистика за да не се смета еден работник и неговото семејство за сиромашен потребни им се 31.200 денари месечно, а минималната плата изнесува 24.379 денари, што е помалку за 6.821 денари повеќе, денеска 33,3% од работниците во Македонија примаат плата под 30.000 денари и токму затоа е и барањето, покрај минималната плата, сите плати на македонските работници да се зголемат за најмалку 6.000 денари или 100 евра.

На последната Анкета која ја спроведе ССМ, 99,5% од работниците одговорија дека доколку не се зголемат платите до крајот на 2025 година, на почетокот на 2026 одина се подготвени да излезат на протест, а ССМ ја почитува нивната волја.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ССМ најавува протести: Не само минималната, сите…

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) најавува…

Доцнат платите за наставниците

До редакцијата на „Инфомакс“ пристигнаа коментари и…

Филипче: Стандардот на граѓаните тоне, над 2…

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во…

Падна договор за НИС: Србија ќе добие…

Унгарската компанија МОЛ и рускиот Газпром се…

Мицотакси на средба со земјоделците: Не очекувам…

Премиерот Киријакос Мицотакис пред состанокот со претставниците…