Падна договор за НИС: Србија ќе добие уште 5%, се чека амин од САД
Унгарската компанија МОЛ и рускиот Газпром се договорија за основните одредби од идниот договор за купопродажба на НИС, кој ќе биде испратен до американскиот OFAC за одлука, а Србија успеа да го зголеми својот удел во сопственоста за пет проценти во преговорите, изјави денес министерката за рударство и енергетика Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ.
„Исто така е важно што Србија успеа да ја подобри својата позиција во овие преговори, во споредба со 2008 година, кога останавме под 30 проценти сопственост, а тоа е да го зголемиме нашето сопствеништво во Нафтената индустрија на Србија за пет проценти во иднина и да достигнеме број на акции што ќе ни овозможат поголеми права за донесување одлуки во Собранието на акционери, а пред сè да ги заштитиме интересите на нашите граѓани“, рече министерката. Кога станува збор за партнери од Обединетите Арапски Емирати, рече таа, се очекува и тие да бидат дел од идниот договор за купопродажба.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Обвинителството бара 30-дневен притвор за поранешен српски…
Вишото јавно обвинителство во Белград предложило судот…
Уапсени шест лица во Србија и Словенија…
Во заедничка акција на обвинителствата и полициите…
Зеленски: САД презентирале опција за повлекување на…
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека американските…
САД ја укинаа забраната за летови, се…
Федералната управа за воздухопловство на САД (ФАА)…
Трамп ќе се сретне со Путин и…
Белата куќа денеска потврди дека американскиот претседател…