ССМ: Се бориме за плата, нема напредок без трудот на работниците!
Работничката класа е темелот на секое општество. Таа ги создава вредностите, го движи производството и ја одржува економијата во живот, објавија од Сојузот на синдикати на Македонија на социјалните мрежи.
– Без трудот на работниците во фабриките, во рудниците, на нивите, во канцелариите, во услужните дејности, нема напредок, нема развој, нема иднина.
Но, и покрај својата клучна улога, работничката класа често се соочува со предизвици: ниски плати, несигурни работни места, недоволна заштита и непочитување на работничките правата.
Затоа, борбата за достоинствена работа, фер услови и социјална правда не е само потреба, туку обврска.
Солидарноста е најсилното оружје на работниците,а кога се обединети, тие имаат глас што се слуша.
Историјата покажува дека сите придобивки – од работното време до платениот одмор – се резултат на заедничка борба на работничката класа и синдикатите.
Работничката класа не бара привилегии, туку правда, не бара милост, туку почит. И токму преку таа борба, таа не се бори само за себе, туку за подобро и поправедно општество за сите.
Затоа, на 1ви Мај ,, ЗА ПЛАТА СЕ БОРИМЕ, НЕ СЕ МОЛИМЕ ” – велат од ССМ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ССМ: Се бориме за плата, нема напредок…
Работничката класа е темелот на секое општество.…
Денес протест на Синдикатот пред Министерството за…
Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија,…
НОВ РАБОТНИЧКИ ПРОТЕСТ НА 1-ВИ МАЈ
Денеска на прес-конференцијата која се одржа во…
Во Луксембург се заработува најмногу, работниците од…
Европската статистичка агенција Евростат објави податоци за…
Трендафилов до партиите: Го поделивте народот на…
Објава на Фејсбук на претседателот на ССМ,…