ССМ: Се бориме за плата, нема напредок без трудот на работниците!

t

Работничката класа е темелот на секое општество. Таа ги создава вредностите, го движи производството и ја одржува економијата во живот, објавија од Сојузот на синдикати на Македонија на социјалните мрежи.

– Без трудот на работниците во фабриките, во рудниците, на нивите, во канцелариите, во услужните дејности, нема напредок, нема развој, нема иднина.

Но, и покрај својата клучна улога, работничката класа често се соочува со предизвици: ниски плати, несигурни работни места, недоволна заштита и непочитување на работничките правата.

Затоа, борбата за достоинствена работа, фер услови и социјална правда не е само потреба, туку обврска.

Солидарноста е најсилното оружје на работниците,а кога се обединети, тие имаат глас што се слуша.

Историјата покажува дека сите придобивки – од работното време до платениот одмор – се резултат на заедничка борба на работничката класа и синдикатите.

Работничката класа не бара привилегии, туку правда, не бара милост, туку почит. И токму преку таа борба, таа не се бори само за себе, туку за подобро и поправедно општество за сите.

Затоа, на 1ви Мај ,, ЗА ПЛАТА СЕ БОРИМЕ, НЕ СЕ МОЛИМЕ ” – велат од ССМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Синдикалната кошница за август тежи 68.675 денари

Вредноста на синдикалната кошница за август 2026…

80 години од формирањето на Сојузот на…

Одбележуваме 80 години од создавањето на една…

ССМ: Да го заштитиме здравјето на работниците…

Во насока на справување со најавените високи…

ССМ: Потребно е предвремено пензионирање, а не…

Сојузот на синдикатите на Македонија е сериозно…

Македонската преработувачка индустрија лани изгубила 6.250 работници

Преработувачката индустрија – најголемиот работодавач во државата…