ССМ: Ќе протестираме се додека не го добиеме покачувањето од 2800 денари!

t

Сојузот на синдикати на Македонија денеска започнаа го генералниот штрајк на вработените во јавниот сектор, а пред Собранието на РМ симболично беа поставени 120 столчиња.

„Тимот кои што преговараше во последниот месец не се видовме се изгуби,за вчера да дојдат во Сојуз на синдикати и да ни кажат дека требало да има нова методологија, нова метологија нека има ама тоа што начелно го доворивме треба да го испочитуваат“, рече Дарко Димовски, претседател на Сојуз на синдикати.


Прекин на работата имаше во општините, болниците, судовите, министерствата, и останатите институции низ цела држава. Најголем дел од амдинистрацијата ја прекина работата еден час и од 10 до 11 протестираше пред државните институции. Од синдикатот на здравството велат дека линерното зголемување непходно е да се реализира во време на оваа криза.

„Во принцип 2806 денари линеарно зголемување како нето износ тоа за сестра со средно образование би значело 14 проценти покачување на плата, линеарно зголемување на сестра со високо би значело 10 проценти, за општ лекар 8 ипол проценти“, рече Љубиша Каранфиловски, Синдикат на здравство, фармација и социјална заштита.

Од Владата остануваат на ставот дека потребна е прво методологија за продуктивност, па потоа повисоки плати.

„Социјалниот дијалог за општ колективен договор треба да продолжи и ќе продолжи и таму ќе го најдеме системското решение, а тоа е нова методологија вкучена во колективниот договор и која ќе значи системско решение за платите во јавниот сектор“, рече Јована Тренчевска, министерка за труд и социјална политика.

Државните институции следните денови, ќе работат со 10 проценти од кадровскиот потенцијал и со прекин од работа од еден час. На синдикалците пред два месеца им беше ветено дека линеарно зголемување на платите ќе добијат со ребалансот, но ова ветување не се најде во предлог ребаласнот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ССМ до пратениците: Ќе блокираме се додека…

Во знак на револт и поддршка на…

(Фото) Барајте алтернатива- Блокиран влезот на Скопје:…

Синдикалниот притисок за исполнување на нивните барања…

ССМ го става во мирување штрајкот во…

На итна седница на Штрајкувачкиот одбор –…

ССМ во понеделник ќе го блокира влезот…

Штрајкувачкиот одбор – Претседателството на ССМ на денешната седница…

ССМ утре ќе постави 21 столче пред…

Начелно сметаме дека сме измамени од делот…