Становите во Скопје поскапеле за 16,7% во првиот квартал
Во првиот квартал од 2026 година, цените на становите во Скопје бележат годишен раст од 16,7 проценти, додека квартално се зголемиле за 0,1 процент, покажува индексот на цени на недвижности кој го објави Народната банка. Индексот се базира на податоци од огласени станови за продажба на територијата на главниот град.
Минатата година, поскапувањата на становите во првиот квартал изнесуваа 19,5%, во вториот 19,9%, во третиот 25,1%, а во четвртиот квартал 25 проценти, објави 4news.mk
Според извештајот на Агенцијата за катастар на недвижностите за 2025 година, се очекува умерен раст на пазарот и зголемен интерес за инвестиции, како и продолжување на растот на закупите. Во 2025 година, становите останаа најдоминантен сегмент на пазарот, учествувајќи со 33 проценти од бројот на купопродажби и 48 проценти од вкупната вредност на трансакциите. Иако бројот на продадени станови се намали за 3,9 проценти, нивната вредност се зголеми за 10,8 проценти.
Најактивни општини на пазарот се Центар, Аеродром и Карпош, кои бележат и највисоки просечни цени на становите – 1.692 евра/м², 1.558 евра/м² и 1.419 евра/м².
Најскапите трансакции на пазарот вклучуваат стан во Аеродром продаден за 166.500 евра, куќа во Центар за 1.500.000 евра и деловен простор во Центар за 6.800.000 евра.
Скопскиот пазар на недвижности продолжува да покажува стабилност и раст на вредноста на недвижностите, со најголем интерес кон становите и деловните објекти во централните општини.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Становите во Скопје поскапеле за 16,7% во…
Во првиот квартал од 2026 година, цените…
Хорор во Скопје: Мајка немо набљудувала како…
Скопје е во шок по грозоморниот инцидент…
Најскапиот ред во светот: Познато е колку…
Бродовите што во моментов се наоѓаат во…
Уставен ги поништи законските измени за намалувањето…
Уставниот суд денеска ја одржа 9. седница…
Ацо Ристов избран за нов претседател на…
Собранието денеска го избра Ацо Ристов за…