Ацо Ристов избран за нов претседател на РКЕ
Собранието денеска го избра Ацо Ристов за нов претседател на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), со 68 гласа „за“.
Ристов ја презема функцијата по оставката на Марко Бислимовски, поднесена во февруари годинава.
Ацо Ристов е дипломиран електроинженер со повеќе од три децении искуство во секторите енергетика, хидроенергија и инфраструктурни системи. Во својата кариера, тој работел на управување со комплексни проекти како хидроелектрани и пречистителни станици.
Исто така, Ристов е член на Комората на овластени архитекти и инженери, со највисоки овластувања за проектирање и надзор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дизелот поевтинува за 6,5 денари, бензинот поскапува…
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе нова…
Загубите на вода во Македонија лани изнесувале…
Загубите на вода на национално ниво во…
Дизелот поевтинува за 4 денари, бензините за…
Од полноќ се намалуваат цените на дел…
РКЕ: Раст од 11,43% на производство на…
Раст од 11,43% на производството на електрична…
Мицкоски очекува поевтинување на дизелот и бензините
Денеска Регулаторната комисија за енергетика ќе ги…