Стоиковиќ повтoрно жесток: Власта да каже каде исчезна една третина од српската заедница во Македонија

t

Власта мора да даде објаснување за резултатите од пописот, а штом нема објаснување тоа отвора сомнеж дека се работи за некаков вид на инженеринг, бидејќи бројките не содејствуваат со реалноста, вели Иван Стоиlковиќ пратеник и претседател на Демократската партија на Србите во Македонија за „Што не е јасно“ во Алфа.

Тој вели дека она што сериозно загрижува и нема објаснување е како бројката на припадниците на српската заедница е за третина и повеќе намалена односно од 36.000 на минатиот попис на 23.000 сега.

Кај нас во партијата има 7.000 поединечни пристапници, секоја кампања како политичка партија посетуваме од 6 до 8.000 српски семејства, а што е со припадниците на српската заедница кои членуваат во другите српски партии, со тие во ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и другите партии? Само по себе се наметнува дека бројките не содејствуваат со реалноста, рече тој.

Стоиlковиќ истакна дека исчезнување на една третина од некоја национална заедница е невозможен, а државата треба сериозно да се запраша каде е таа една третина.

Ние сме граѓани на Македонија и државата е должна да ни го даде тој одговор. Од пописот зависи степенот на остварување на правата. Така е наметнато со Охридскиот рамковен договор кој е составен дел од Уставот. Затоа е потребна контрола, нагласи Стоилковиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Иран ги напаѓа американските воени бази во…

Ал Џезира, радиодифузерот со седиште во Катар,…

Макрон вели американските напади на Иран се…

Францускиот претседател Емануел Макрон вели дека немало…

Кичевско риболовно друштво организираше хуманитарен настан за…

Риболовното друштво „Хантер Фиш Кичево“ организираше куманитарен…

Зеленски на ручек со кралот Чарлс Трети

Претседателот Зеленски се сретна со кралот Чарлс…

Мерц: Нема причинa да ги критикуваме Израел…

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека нема…