Столтенберг пристигна во ненајавена посета на Киев: Се сретна со Зеленски
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг пристигна во ненајавена посета на Украина и во Киев се сретна со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Столтенберг пристигна во Киев со воз. За време на патувањето, тој разговараше со новинарите и призна дека земјите од НАТО не ги исполниле своите обврски кон Украина, потсетувајќи на договорот за нова воена помош на САД, кој се влечеше цели шест месеци, како и на проблемите со испраќањето ракети од Европа. Сепак, ситуацијата сега ќе се промени, сигурен е Столтенберг.
„Не е доцна Украина да победи. Но, затоа е толку важно што сојузниците на НАТО сега навистина го сторат тоа што го ветивме и тие обврски да ги претвориме во реални испораки на оружје и муниција. Сега сум убеден дека тоа ќе се случи“, нагласи тој.
Столтенберг на прес-конференцијата со украинскиот лидер посочи дека Украина е на патот кон членство во НАТО, но дека не очекува ова прашање да се реши на самитот во лето. Тој призна дека системите за воздушна одбрана и муницијата, кои му беа ветени на Киев, се недоволни.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бајден побара продолжување на испораката на оружје…
Американскиот претседател во заминување, Џо Бајден соопшти…
Лавров: Русија не се задоволува со примирје…
Русија нема да прифати само воспоставување примирје…
Украина најде одговор за рускиот Орешник?
Британскиот весник „Економист“ на 23 декември 2024…
Албанија ќе обучува украински војници
Албанската влада донесе одлуката за учество на…
Трамп номинираше противник на воената помош за…
Американскиот претседател Доналд Трамп го номинираше Мајкл…