Столтенберг: Хемиското оружје „целосно ќе ја промени природата на конфликтот“

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изрази загриженост дека Русија се обидува да ги обвини Украина и нејзините сојузници дека се подготвува да употреби хемиско оружје, и вели дека обвинувањето на другите е начин да се создаде изговор да го направат истото и самите.
Ваквите обвинувања против Украина и НАТО сојузниците се лажни, изјави Столтенберг, нагласувајќи дека каква било употреба на хемиско оружје „целосно ќе ја смени природата на конфликтот“ и ќе биде „еклатантно кршење на меѓународното право“ и крајно опасно.
Ќе влијае не само на луѓето во Украина, туку потенцијално и на НАТО земјите, поради ширењето на контаминацијата.
Столтенберг посочи дека Русија користела хемиски агенси во минатото – вклучително и во Солсбери. Ова прашање ја истакнува важноста од завршување на војната, вели тој, додавајќи дека „ова е опасна ситуација“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Според Календарот на МПЦ, утре се празнуваат…
Светиот маченик Агапиј и седумтемина со него:…
Во петок наутро посебен режим на патот…
Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните…
По четири и пол години, една држава…
Претседателката на Косово Вјоса Османи денеска соопшти…
Јаневска од „Кој е следен?“: Немаме врска…
Милена Јаневска од граѓанското движење „Кој е…
Прегазен пешак во Чаир – Сообраќајна несреќа…
Пешак е прегазен и повреден во сообраќајна…