Стотици македонски граѓани со коли со бугарски таблички се враќаат од граница, Царинската управа молчи

t

Македонските граѓани кои возат автомобили со странски таблички, ако сакаат да влезат во земјава со нив ќе треба да се откажат од живеалиштето во Македонија или да ги остават и да ја поминат границата пеш. Вакво е искуството на стотици македонски граѓани кои со автомобили со бугарски таблички се обиделе да влезат во земјава на трите гранични премини на бугарско-македонската граница, објави МКД.мк.

„Се враќав од Бугарија и се шокирав кога на македонската граница ми рекоа дека не можам да влезам со автомобилот со бугарска регистарска табличка. Ми рекоа ‘ ти можеш да поминеш пеш, а колата да ја оставиш во Бугарија‘. Се вратив во Бугарија и ја оставив. Морам да видам зошто е тоа така, па да се вратам по неа“, раскажува скопјанец за своето искуство на граничниот премин Деве Баир.

Вели дека сега се распрашува како да го реши проблемот.

За разлика од него, друг наш сограѓанин, уште пред да ја напушти земјава на граница бил предупреден да не излегува со автомобилот од Македонија, бидејќи после нема да му биде дозволено со него да се врати.

„Тргнав за Бугарија да ја регистрирам колата, бидејќи мора да помине на технички преглед. Осигурување можам да платам од овде, ама на технички преглед мора да одам. Но, се вратив. Што ќе ѝ правам после на колата ако не можам да влезам во Македонија“, вели тој.

Според сведочењата на наши сограѓани, само во петокот на Деве Баир биле вратени стотина македонски граѓани со автомобили со бугарски регистарски таблички. На дел од нив им било кажано дека за да влезат со тие автомобили мора да имаат одјавено живеалиште во Македонија. Но, како што велат, никој не им кажал дека тоа може да го направат и на граница.

„Можеби е така по закон, ама барем нека ја информирата јавноста, а не да бидеме затечени вака на граница. Што да правиме?“, реагираат тие.

Од МВР посочиле дека за тоа е надлежна Царинската управа, а оттаму сѐ уште нема одговор.

Целиот текст прочитајте го на МКД.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Има меѓучовечки односи кои не се добри,…

Има меѓучовечки односи кои не се добри,…

И Валуев мора на фронт: Русија го…

И повеќе од сериозна е ситуацијата во…

Путин и Ердоган по разговoрот: Турција е…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган телефонски разговарал…

(Видео) Иранките масовно си ги сечат долгите…

Фотографии на социјалните мрежи покажуваат како расплакана…

Не е сигурен договорот со Србија за…

Државата обезбедува субвенционирана цена на електричната енергија…