Страшна статистика: Семејствата со помали деца најмасовно се иселуваат од Македонија

t

Бројот на лицата кои ја напуштаат Македонија и се исселуваат зема замав. Освен пандемиската 2020 година, кога има значително помалку лица кои заминале, од 2011 година наваму бројот на граѓани кои заминуваат постојано расте. Податоците покажуваат дека семејства со деца на возраст до 10 години најмасовно заминуваат од Македонија. Бројките покажуваат дека најголем дел од децата кои ги напуштаат училиштните клупи, тоа го прават поради преселба на семејството во странство. Втора причина за испис од училиштата е упис во друго училиште во истата населба, или пак во друг дел од земјата.

Анализата на Државниот завод за статистика „Детска популација“ покажува дека од година во година овие тенденции стануваат поизразени.

–  Согласно податоците за деца кои се отпишале од основно училиште и го прекинале школувањето, може да се забележи континуиран тренд на раст во периодот 2017-2022 година, од 2.871 на 3.313, што претставува зголемување од околу 15 проценти – се наведува во анализата на ДЗС.

Исклучок претставува 2020/2021 година, при што намалувањето се претпоставува дека се должи на влијанието на рестриктивните мерки за патување во странство во текот на првата година од пандемијата на Ковид-19.

Од учениците кои си заминале, околу една третина се префрлиле во друго училиште во истото место на живеење, помалку од третина заминале во друго училиште во друга општина во државата, а доминира уделот на ученици кои го напуштиле основното образование за да продолжат со школување во други држави.

–  Нешто помалку од половина од вкупниот број ученици го напуштиле основното училиште заради емиграција во странство. Овој процент, со исклучок на пандемиската 2019/2020 година, забележува благ пораст низ годините под анализа. Дополнително, се зголемува и процентот на ученици кои го напуштиле основното училиште заради внатрешни миграции – се појаснува во анализата.

Важно е да се нагласи дека повеќе од половина, а во одредени учебни години и блиску до две третини од учениците кои го прекинале основното образование, тоа го направиле во одделенијата I до IV; околу 15 отсто тоа го направиле во V одделение; помалку од 10 проценти во VI одделение, нешто повисок процент на заминувања се случуваат во VII и VIII одделение.

Аналитичарите посочуваат дека прв генереален заклучок е дека бројот на ученици во средно образование е понизок од бројот на ученици во основно образование, и дека промените тука се потешки за анализирање.

– Кога станува збор за стапките на запишување во средно образование, во периодот под анализа тие остануваат под нивото на стапките на запишување во основно образование и покрај фактот што средното образование е задолжително во Македонија. Во периодот под анализа, вкупната бруто стапка на запишување ученици во средното образование се движи помеѓу 78,9 и 85,6. Разлики според полот се присутни и најголемата разлика од 3,8 проценти е забележана во учебната 2016/2017 година, во корист на момчињата. Во последните неколку учебни години овој јаз е намален, при што во учебната 2021/2022 се запишале 1,3 отсто повеќе девојчиња во споредба со момчиња. Доколку ја анализираме бруто стапката на запишување, може да се констатира дека бележи тренд на намалување; сепак, фактот дека повеќе од 15 отсто од населението во рамки на законски пропишаната возраст не е вклучено во средно образование покажува потреба од адресирање на ова прашање – се нагласува во анализата.

Статистичарите исто така укажуваат дека има ученици кои го напуштаат средното образвоание, но нема податоци каде заминуваат.

Уделот на ученици кои го напуштиле училиштето од непознати причини варира помеѓу 9 отсто во 2021/2022, 15 проценти во 2018/2019. Уделот на овие ученици варира низ годините и не можат да се идентификуваат јасни трендови. Кога станува збор за годините во кои најчесто се прекинува средното образование, податоците покажуваат дека ова најчесто се случува во првите две години од средното образование.

Извор: Фактор

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Претседателката Сиљановска Давкова ќе ги прими поглаварите…

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ќе ги…

Прво се искрале децата, па се истепале…

Вчера во 14.50 часот во СВР Охрид…

Страшна статистика: Семејствата со помали деца најмасовно…

Бројот на лицата кои ја напуштаат Македонија…

УЖАС: 12-годишно момче застрела 2-годишно дете во…

Со куршум од воздушна пушка во Враца,…

Македонките се мажат најмлади во регионот, на…

Жените во Македонија најмлади стапуваат во брак…