Објавено на:

Страшна трагедија во Конго: Воз излета од шините – Огромен број на загинати и повредени!

t

Најмалку 60 луѓе загинаа откако товарен воз излета од шините во Демократска Република Конго, потврди денеска локален претставник.

Несреќата се случила вчера кога воз, на релација од селото Китенте до Бујофве во провинцијата Луалаба, излетал од шините и паднал клисура. Седум од десетте вагони завршија во клисурата.

Околу 20 луѓе ја преживеале несреќата.

Многу возови во ДР Конго се од колонијално време и не се добро одржувани. Патниците често нелегално користат товарни возови како бесплатен превоз.

Извор: Фокус

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Седум загинати во експлозија во Турција

Најмалку седум лица загинаа во експлозија во…

(Видео) УШТЕ ЕДНА ТРАГЕДИЈА: Руски борбен авион…

Во Иркутск авионот Су-30 се урна врз…

Хорор во САД: Авион удри во зграда,…

Мал авион се урна во американската сојузна…

Нови детали: Бројот на загинати во експлозијата…

Бројот на загинати во експлозијата во рудник…

(Фото) Страшна несреќа во Хрватска: Се судрија…

Товарен и патнички воз се судриле вчера…