Јавен апел: Сите повредени во пожарот во „Пулс“ да се јават во кочанската болница во следните четири дена!

t

Сите повредени во пожарот кои биле на лекување во странство, во македонските болници и на домашно лекување, од утре во следните 4 дена треба да се јават за здравствена евалуација во Општата болница во Кочани. Целта е, како што рече денеска заменик-министерот за здравство Јовица Андовски, да се утврди состојбата на секој пациент одделно и потребата од натамошна рехабилитација, нега и помагала.

„Во следните 4 дена, тим од специјалисти од КАРИЛ, Градската општа болница (ГОБ) ‘8 Септември’, Клиниката за хируршки болести ‘Св. Наум Охридски’ и од Клиниките за пластична хирургија и токсикологија ќе вршат еваулација на пациентите. Апелираме до сите да дојдат.

И тие што не биле повредени и не биле хоспитализирани, сите да дојдат во Општата болница во Кочани“, рече директорот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) Сашо Клековски.

Во изминатиот период тим експерти од Велика Британија спроведоа интензивни обуки на 45 здравствени работници за физикална и психолошка рехабилитација на пациентите, соопшти меѓудругото денеска Андовски.

По нивна препорака, рехабилитацијата на повредените ќе биде во Кочани за да бидат поблиску до својот дом.

„Обуките беа спроведени во пет јавни здравствени установи, во Клиниката за пластична хирургија, физикална медицина во ГОБ “8 Септември” и во болниците во Штип и Кочани. По препорака на англиските експерти рехабилитацијата ќе биде во Кочани за повредените да бидат поблиску до својот дом“, истакна Андовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Работна средба во Општина Делчево за проектирањето…

Во просториите на Општина Делчево се одржа…

Родителите на загинатите: Ако надлежните навреме постапеле…

Адвокатот Петре Шилегов повторно бара Јавното обвинителство…

Израелски хирурзи повторно дојдоа во Македонија за…

Израелските хирурзи од Шеба повторно во Македонија…

Голем пожар во автобуска компанија во Кочани

Голем пожар утрово ја зафати автобуската компанија…

„50 пати на улица и во судница,…

Во Кочани денеска се одржа 50-тиот „Марш…