Страшно: Драстичен пораст на бројот на случаи на канцер во гинеколошкото одделение во Кочани

t

Гинеколошкото одделение при Општата болница во Кочани регистрирало драстичен пораст на бројот на канцерогени случаи и алармира за подигање на јавната свест кај женската популација за редовни превентивни прегледи.

Од јануари до септември годинава во евиденцијата се забележани девет случаи на канцер, главно на грлото на матката, при што еден случај е сериозен и неоперабилен.

Практично секој месец евидентираме по еден случај со канцерогени симптоми, а најчесто пациентките на лекарски преглед доаѓаат откако ќе забележат здравствени промени. Ако продолжи таквиот тренд, до крајот на годината ќе има зголемување на случаите за трипати во споредба со лани. Пациентките се од различни генерации, најчесто околу 50-годишна возраст, но има и помлади. Поради тоа упатувам апел за навремено и редовно јавување на преглед заради заштита од евентуални несакани последици, истакнува специјалистот Илчо Атанасовски, гинеколог во Општата болница во Кочани.

Болницата има соодветни услови за прегледи, а се прават напори за подигање на квалитетот на здравствената заштита.

Располагаме со нов 4Д ехо апарат што го имаат и посовремените болници. На гинеколошко-акушерското одделение не се водат само раѓањата, туку за деветте месеци имаме и околу две илјади прегледи. Реализирани се и 180 хоспитализации на пациентки и тие се задоволни од условите и услугите, истакнува Атанасовски.

Во апелот за редовни прегледи тој потсетува дека од минатата година постои можност преку интернет платформата e-zdravstvo.mk да се направи електронска регистрација за ПАП тест на секоја жена.

Според евиденцијата на здравствените установи, секоја година во државата се регистрираат по 150 нови случаи со рак на грлото на матката, а има по околу 50 смртни случаи како последица од ова заболување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Американски топ дипломат го уништи Христијан…

Заменикот на државниот секретар на САД, О'Брајан…

Автобусот за Кочани остана без две гуми…

Автобус марка „мерцедес“ кој сообраќал на релација…

Ковачевски: ДПМНЕ го кочи европскиот пат на…

Одговорноста има име и презиме, тоа е…

Дијана ја прими првата имунотерапија, да помогнеме…

Дијана Наумоска од Тетово ја прими првата…

Нападнати полицајци во Битола, Скопје и Кочани

СВР Битола поднесе кривична пријава против Д.А.(43)…