Страшно! – Тешка несреќа на патот Штип – Кочани: Едно лице е починато, тројца се тешко повредени

t

Според првичните информации едно лице е починато, други тројца се тешко повредени во сообраќајната несреќа што се случила на магистралниот пат Штип – Кочани меѓу селата Долни Балван и Крупиште.

Според надлежните, до несреќата дошло меѓу судир на две возила, што се случил во 14 часот и 50 минути.

Во моментов на местото на настанот се крим-полиција, јавен обвинител и пожарникари кои интервенираат за вадење на повредените лица од автомобилите.

Како што информираат од Автомото сојузот, во моментот затворен е патот меѓу селата Долни Балван и Крупиште и сообраќајот се одвива по другите алтернативни патишта.

Повеќе детали се најавуваат во текот на денот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп: Триумфалната капија ќе стане платформа за…

Американскиот претседател Доналд Трамп планираната огромна триумфална…

АФД победи на покраинските избори во Мекленбург-Западна…

Крајнодесничарската Алтернатива за Германија (АфД) извојува победа…

Загинатата 17-годишна девојка во несреќата кај Битола…

Седумнаесетгодишната девојка која го загуби животот во…

ОН: Речиси 900 силувања од руските војници…

Руските трупи извршиле речиси 900 ужасни чинови…

Од утре врнежи и пониски температури

Времето утре ќе биде променливо облачно со…