СТРУГА ВРТИ НОВ ЛИСТ: Почна акција за третман на кучиња скитници

t

Општина Струга повторно апелира до граѓаните доколку приметат истоварање на кучиња од камиони и комбиња од други градови да пријават во полиција.

Во Струга денеска почна акција за заловување и третман на кучињата скитници во градот.

Акцијата, како што соопшти општинската прес-служба, ја реализираат лица овластени за заловување и хуман третман на кучиња скитници од Ветеринарната клиника ИНО-ВЕТ од Куманово, во присуство на овластениот инспектор на Општина Струга.

– Активноста ќе продолжи и во наредните денови, затоа апелираме до граѓаните на Струга да ги држат домашните кучиња под контрола, да ги евидентираат или да ги вакцинираат доколку не го направиле тоа. Доколку се пуштени на улица и бидат заловени ќе следат законски процедури, стои во информацијата.

Општина Струга повторно апелира до граѓаните доколку приметат истоварање на кучиња од камиони и комбиња од други градови да пријават во полиција.

– Токму во ова насока ја контактиравме Полицијата во Струга и побаравме да застанат на влезните точки во градот да ги проверуваат комбињата или камионите за кои постои сомневање дека превезуваат кучиња скитници од другите градови од нашата држава, информира Општина Струга.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…

Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…

Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…

Во рамки на работната посета на Берлин,…

(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…

На социјалните мрежи се појавија информации и…

Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…

Во 2027 година возилата на Министерството за…

Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…

Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…