Објавено на:

Струга го „здроби“ Вардар на Арената, Работнички слави во Охрид и стана лидер во Првата лига!

t

Вардар одново доживеа дебакл откако загуби од шампионот Струга со убедливи 1:4 на Националната арена во Скопје, со што за Вардар ова е голем удар откако пред шест дена загуби во Тетово од Шкендија со 4:0, пренесува МНЕТ.

Влајковиќ погоди за водство на Вардар од 0:1, а Вардар преку Босанчиќ израмни на 1:1. Пред крајот на првиот дел Кампаоре донесе водство за Струга од 1:2. Во вториот дел Кампаоре со втор гол и Кехинде ги поставија конечни 1:4.

Пелистер и Тиквеш ремизираа без погодоци (0:0) во Битола, а голови немаше ниту во Кратово каде ремизираа Силекс и Шкендија, која имаше два црвени картони.

Работнички со 0:2 славеше над Воска Спорт во Охрид со што „романтичарите“ се на врвот од табелата. До овој триумф новиот лидер дојде со погодоците на Регба и Мазари.

Гостивар и Беса ги поделија бодовите откако домаќинот прими гол во финишот за 1:1. Ивановски беше стрелец за домаќинот, а за гостинот погоди Скендери.

Шкупи на домашен терен со 3:1 ја доби Брера Струмица во меч каде Едмундсоон и Канда погодија за Шкупи во првиот дел за 2:0, а Ивковиќ за 2:1. Во второто полувреме Ајетовиќ ги постави конечните 3:1.

Извор:МНЕТ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нови цени на горивата од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и…

Скопјанец ја претепал сопругата

Вчера во 13 часот во СВР Скопје,…

Агелер: Не знам каде се наоѓа Груби

Амбасадорката на САД, Анџела Агелер, во одговор…

Турција целосно ги прекина сите односи со…

Турција целосно ги прекина сите односи со…

Скопјанец се обидел со нож да нападне…

„На 29.12.2024 во 10.00 часот во Скопје,…