Струмичанка измамила клиенти: Лажирала долг па сама си го враќала

Отсекот за економски криминал при Секторот за внатрешни работи Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против Л.К.(43) од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување “ по член 353 и „послужување“ по член 240 од Кривичниот законик. Пријавената Л.К., во својство на сметководител на два правни субјекта од Струмица кои се во стечајна постапка, а биле нејзина сопственост, противправно присвоила 535.300 денари.
Делата ги сторила така што на својата лична сметка незаконски враќала парични средства од правните лица по основ „поврат на позајмица“, иако таа никогаш немала дадено позајмица во двата правни субјекта.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој рече дека земјоделието не е исплатливо?…
Во земјоделските пластеници на 48-годишен струмичанец полицијата…
(Видео) Струмица како Венеција: Градот плови по…
Големо невреме проследено со град и грмотевици…
Костадин Костадинов и неговата девојка маскирани како…
Атанас Костуранов и Катерина Јовановска се избрани…
Струмичанец ќе одговара за објава на Фејсбук
СВР Струмица поднесе кривична пријава против З.С.(34)…
(Видео) Црни облаци чад: Горат депонија и…
Пожар избувна денеска на пладне кај Струмица…