Струјата поскапува за 9,48 проценти, се ykинува евтината тарифа преку ден

t

Од 1 јануари струјата ќе биде поскапа за 9,48 проценти, информираше претседателот на Регулаторната комисија, Марко Бислимоски. Исто така, донесена е одлука за укинување на дневната евтина тарифа. Но, останува евтина струја навечер и во недела. Според Бислимсоки, ако не се донесела одлука за укинување на дневната евтината тарифа, поскапувањето на струјата ќе беше 14,23 отсто.

Во наредниот период ќе ја следиме состојбата, бидејќи сме увозна зависна земја. Цената на струјата ако е 1.500 денари, тогаш ќе се зголеми за 135 денари и ова беше најмногу што можеме да направиме, со цел да го одржиме секторот ликвиден и да им служиме на граѓаните. Штедевме некаде околу 5 проценти на месечно ниво. Комоцијата веќе ја немаме. Сега секторот не може да го издржи ударот да се изгубат 100.000 евра за еден ден. Реалното покачување е 9,48 проценти, изјави Бислимоски.


За тоа дали ќе се дозволи зголемување на парното греење Бислимовски на прес-конференција рече дека од ваквото зголемување и тој се плаши, но додава дека мора да сме солидарни.

Набавната цена на природниот гас во делот каде што откупува БЕГ по цена на берзи изнесува за жал околу 1.480 долари за нормален метар кубен. Тоа е набавка која ќе се реализира во јануари и тоа е за некаде околу 6 пати повисоко. 240 долари, до сега, сега во јануари ќе биде по 1480 долари и доставено е соодветно барање од БЕГ и денес ќе го разгледуваме. За цената на топлинската енергија, драстично зголемување не е опција бидејќи ќе има голем број потрошувачи кои ќе се исклучат и ќе се приклучат електрична енергија и не е проектирана да може да поддржи толку многу потрошувачи. Ова е сериозен удар врз цената на природниот гас и во преговори сме со Владата. Мислам дека ќе наидеме на разбирање, но ги повикувам и Град Скопје и општините и ако е потребно да обезбедат субвенции за да може да се избегнат овие ценовни шокови. Во текот на утрешниот ден ќе ве информираме што може да се очекува за цената на топлинската енергија. Јасно е дека овој трошок за набавка на природен гас изнесува околу 12 и пол, 13 милиони евра без ДДВ, а само за споредба минатата недела месечно бил околу 2 милиони евра. Ќе бараме начини за да најдеме некакво решени, ни Владата може да влијае на ова, ниту ние може да набавиме природен гас. Ова се исклучително тешки моменти во енергетскиот сектор, за Европа и за нас како држава, така што повикувам на солидарност”, вели Бислимоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пандев: Македонија ми е во срцето, а…

Горан Пандев испиша историја во македонскиот фудбал,…

Крушево го посрамоти македонскиот спорт: На олимпиецот…

Нордиецот Ставре Јада е револтиран од односот…

22-годишниот прилепчанец кој почина од ковид-19 не…

Дваесетидвегодишниот прилепчанец кој денеска почина од ковид-19,…

Официјално 16.000 луѓе добиле отказ поради пандемијата,…

Агенцијата за вработување денеска соопшти дека 16.000…

Несими: Нема Албанец што би преговарал за…

За потеклото на спорот што Бугарија ѝ…