Студентарија: Повторно стотици студенти неосновано го изгубија правото на субвенциониран студентски оброк

t

Овој месец стотици студенти во државата останаа без правото на субвенциониран студентски оброк. Најмногу погодени се студентите од Факултетот за безбедност при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола.

Во решенијата за прекин на правото како причина е наведено дека студентите „не се редовни“. Погодените тврдат дека се редовно запишани и целосно ги исполнуваат законските услови за користење на ова право.

Според достапните информации, факултетот навреме не доставил ажурирани податоци за редовните студенти до Министерството за образование и наука (МОН) – обврска што високoобразовните установи ја имаат секој месец. Поради тоа, системски им е прекинато правото на субвенциониран оброк.

Иако факултетот подоцна доставил коригирани и ажурирани списоци, МОН не прифаќа промени за тековниот месец. Како резултат, студентите остануваат без средства на кои законски имаат право, иако не се виновни за пропустите.

Секој погоден студент овој месец останал без 3.640 денари (26 дена × 140 денари) – износ што за многумина е клучна поддршка за секојдневните трошоци за исхрана.

Ова не е изолиран случај. Речиси секој месец од почетокот на академската година студенти од различни факултети се соочуваат со истата ситуација: факултетите доцнат со податоците, а МОН не дозволува нивно дополнително ажурирање. Последиците секогаш паѓаат на товар на студентите.

Студентските претставници бараат итна реакција од институциите со следниве чекори:

МОН веднаш да ја преиспита одлуката за прекин на правото и да изврши исплата за студентите од Факултетот за безбедност кои ги исполнуваат условите.
Да се обезбеди механизам за навремена размена и корекција на податоците во текот на месецот, за да не се казнуваат студентите поради туѓи грешки.
Да се воведе трајно системско решение од почетокот на следната академска година, со јасни рокови и автоматски проверки што ќе спречат прекини во исплатите.
Во текот на оваа академска година, поради вакви пропусти, на студентите им беа ускратени милиони денари што останаа во државниот буџет – иако станува збор за средства што законски им припаѓаат. Студентите не смеат да бидат санкционирани за административни грешки на институциите.

Правото на субвенциониран студентски оброк мора да биде сигурно и достапно за сите студенти кои ги исполнуваат законските услови – без исклучок и без ризик да се изгуби поради туѓи административни пропусти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Студентарија: Повторно стотици студенти неосновано го изгубија…

Овој месец стотици студенти во државата останаа…

МОН воведе четбот за користење на електронскиот…

Од Министерството објаснуваат дека ова унапредување на…

МОН: Левица манипулира со ревизорски извештај од…

Министерството за образование и наука (МОН) реагираше…

Левица: Министерството за образование како селска крчма

Последниот јавно-достапен извештај, на Државен завод за…

Аларм во Просветен инспекторат: Каде е и…

Извори на Инфомакс алармираат за неправилности во…