Студентската листа: Блиску сме до договор за новата влада

t

Студентската листа е блиску до решение за составот и организацијата на новата влада, но приоритет е таа да биде ефикасна и функционална, изјави Александра Штимац, заменик-шеф на пратеничката група.

Разговорите за идната влада започнале веднаш по изборите, а Студентската листа, како што посочи Штимац, за секоја позиција може да предложи повеќе подеднакво квалитетни кандидати. Во моментов се разгледува и бројот на министерства.

„Нам ни се чини дека тоа е навистина гломазен апарат, кој до одреден степен не е потребен. Некои министерства без ресор евентуално би можеле да се интегрираат во други министерства како посебни канцеларии. За тоа во моментов се дискутира. Секако, се разговара и за кадровските решенија, но од примарно значење е како функционално ќе изгледа владата“, објасни Штимац.

Во интервју за телевизијата „Инсајдер“, таа порача дека пратениците од Студентската листа ќе ја контролираат извршната власт и ќе проверуваат дали законите се во согласност со ветувањата дадени на граѓаните. Одлуките во рамките на групата, додаде, се носат преку дебата и со мнозинство гласови.

Штимац рече дека ја разбира загриженоста на граѓаните и потребата владата да биде формирана што е можно поскоро, но не прецизираше дали тоа ќе се случи до крајот на годината.

„Многу е важно и граѓаните да разберат дека во овој момент е исклучително значајно владата да се структурира онака како што е потребно. Не велам дека ќе одолговлекуваме, сигурно нема да одолговлекуваме. Размислуваме за брзината и во моментов сме исклучително фокусирани на тоа“, изјави Штимац.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Студентската листа: Блиску сме до договор за…

Студентската листа е блиску до решение за…

Српскиот парламент денеска конечно треба да добие…

Пратениците во Народното собрание на Србија ја…

Уапсени четири лица за детска порнографија во…

Во акција на полицијата на Република Српска,…

Вучиќ: „Ќе се обидат да ме убијат,…

Александар Вучиќ денеска изјави дека новата власт…

Руската разузнавачка служба тврди дека Брисел сака…

Руската Служба за надворешно разузнавање (СВР) објави…