Судењето зa убиството на Денис Тот почнува на 5 септември

t

Судењето за убиството на хрватскиот ракометар, Денис Тот, кој беше претепан до смрт пред дискотека во градскиот парк во Скопје, почнува на 5 септември.

Случајот, како што потврдуваат за МИА од Основниот кривичен суд Скопје ќе го води судијката Елена Илиевска Јосифовиќ.

Обвинетите за убиството се Анџело Ѓоргиевски, Клементина Левковска и Андреј Костовски.

Основното јавно обвинителство Скопје ги гони за кривично дело „убиство” од член 123 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

Согласно обвинителниот акт обвинетите се товарат дека на 7 април пред ноќен клуб во Градскиот парк во Скопје заеднички го лишиле од живот оштетениот Денис Тот.

– По кратка расправија, сите тројца му нанеле повеќе удари и тешки телесни повреди од кои кај оштетениот најпрвин настанала коматозна состојба, а следниот ден починал, се вели во соопштението од Обвинителство објавено на 21 јули годинава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

После скоро година дена започнува судењето за…

 Во Основниот суд во Тетово денеска треба…

Судењето зa убиството на Денис Тот почнува…

Судењето за убиството на хрватскиот ракометар, Денис…

Гужва пред Кривичен: Јавноста спречена да го…

Голем медиумски интерес предизвикува судењето за случајот…

(Видео) Во живо: Почна cyдењето на Новак…

Во тек е судењето на најдобриот светски…

Започнува cyдењето на Ѓоковиќ, наскоро ќе се…

Новак Ѓоковиќ и министерот за имиграција Алекс…