Судење за трагедијата во Кочани: презентирани инспекциски извештаи и записници
Извештаи од инспекциски контроли во кочанските локали, како и годишни извештаи на општинските инспектори – градежни, комунални и за животна средина – беа меѓу доказите што денеска обвинителите ги изведуваа на видео-бимовите и екраните во судницата во Идризово.
Според обвинителството, преку овие докази се гледа односот на општината кон правните лица „4М Кафе“ и „Класик ДМ“, како и нивната подружница „Пулс“. Обвинителите посочија дека во записниците од комуналната инспекција поврзани со кафулето „Класик“ се забележува дека, и покрај констатираните прекршувања, не биле преземани мерки.
Како аргумент го наведоа и тоа дека истите забелешки за поставената урбана опрема се повторуваат во записниците низ годините. Одбраната реагираше дека не треба обвинителот да ги толкува доказите, туку тоа да го направи судијата при носење на одлука. Тие посочија и дека доказите се поврзани со кафулето, а не со кабарето каде се случи пожарот. Обвинителот одговори дека токму фирмите поврзани со нив се опфатени со обвинението. Роднините на жртвите реагираа на одбраната со порака: „Судницата не е место каде најгласниот е во право.“
„Наместо суштински осврт на изнесените докази, повторно слушавме коментари, приговори и забелешки што повеќе наликуваа на обид да се создаде впечаток на активност, отколку да се даде одговор на прашањата што ги отвораат доказите. Но за нас ова не е натпревар кој повеќе ќе зборува. Не сме дојдени да слушаме кој ќе остави посилен впечаток пред камера или судница. Ние сме таму за нешто многу потешко — да ги слушнеме фактите, да разбереме што се случувало и да добиеме одговори“ велат од Здружение на граѓани „16 Март“.
Судењето за трагедијата во Кочани, во која животот го загубија 63 млади луѓе, а над 200 беа повредени, продолжува со материјални докази.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Судење за трагедијата во Кочани: презентирани инспекциски…
Извештаи од инспекциски контроли во кочанските локали,…
Албанија минатата година ја напуштиле над 28.000…
Најновите податоци на државниот Институт за статистика…
Ненадејно почина ученичка од скопското средно училиште…
Ненадејно почина ученичка од скопското средно училиште…
(Видео) Богоев со лисици донесен во Кривичен…
Поранешниот директор на Царинската управа и поранешен…
Децата помали од 14 години не смеат…
Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на…