Објавено на:

Албанија минатата година ја напуштиле над 28.000 граѓани

t

Најновите податоци на државниот Институт за статистика на Албанија покажуваат дека населението на земјата на 1 јануари регистрирани се 2,33 милиони жители, што е за повеќе од 28.000 жители помалку за само една година.

Албанија влезе во нова фаза на демографска криза. Додека стапката на наталитетот продолжува да бидат повисока од стапката на морталитет, емиграцијата продолжува да ја празни земјата со стапки што не можат да се компензираат со природниот прираст. Според официјалните податоци, населението на Албанија се намалило за 1,16 проценти во текот на 2025 година, со регистрирани 22.541 раѓања и 21.394 смртни случаи, што резултираше со природен прираст од само 1.147 лица.

Нето миграцијата резултира со негативни 28.531 лице, што значи дека повеќе луѓе ја напуштиле Албанија отколку што се вратиле или се населиле во земјата. Практично, за секој Албанец додаден на населението по раѓање, приближно 25 други се изгубени поради емиграцијата.

Анализата на податоците по возрасни групи покажува дека намалувањето на населението влијае на речиси целата помлада генерација, од бебиња до возрасната група од 30 – 34 години, што го одразува влијанието на емиграцијата и движењето на младите луѓе во други земји во потрага по подобар живот и можности за вработување.

Сликата е поинаква за постарите возрасни групи. Бројот на луѓе на возраст од 65 – 69 години се зголемил за 2,5 отсто, додека возрасната група од 70 – 74 години се зголемила за шест проценти. Во меѓувреме, со овие показатели, просечната возраст на населението се зголемила од 44,3 на 45 години.

Во текот последните пет години, односно од 1 јануари 2021 до 1 јануари 2026 година, земјата ја напуштиле повеќе од 166.400 албански граѓани што покажува понатамошно продлабочување на демографската криза.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп предлага Ормутскиот Теснец да се преименува…

Американскиот претседател Доналд Трамп предложи Ормутскиот Теснец…

Вучиќ го одложи митингот на СНС во…

Српскиот претседател Александар Вучиќ го одложи митингот…

Андоновски: Национален дата центар ќе се гради…

Речиси 7 трилиони долари ќе се вложуваат…

Николоски: Долгорочните билатерални визи, единствено решение за…

Единственото решение за проблемот со превозниците чиј…

Почина проф. д-р Јован Донев, поранешен амбасадор,…

На 71-годишна возраст во Скопје почина проф.…