Судијка од Велес времено делегирана во Судот во Кочани поради зголемениот обем на работа

Со одлука на Судскиот совет, судијката Емине Калач од Основниот суд Велес, ќе биде времено делегирана во Судот во Кочани каде што во наредните два месеца ќе треба да помогне во работата и постапувањето во кривичниот оддел на кочанскиот суд кој е соочен со зголемен обем на работа поради трагедијата во т.н. кабаре „Пулс“.
Во барањето на кочанскиот суд, кое на денешната седница на Судскиот совет го образложи судијата известител Исамедин Лимани, се наведува дека Судот се соочува со проблеми при составување на кривични совети за постапување во предмети во кривична постапка.
По случајот со пожарот, отежнато е постапувањето по редовните предмети и се јавува застој во работењето. Ги зедов предвид податоците од судовите во Велес, Штип и Струмица и со оглед дека треба интервентно да се дејствува, предлагам да биде судија од Велес сè до одлука на комисијата“, рече Лимани на денешната седница на Судскиот совет.
Во врска со ваквата одлука на Судскиот совет, подоцна се произнесе претседателот на ова тело Александар Камбовски. Тој рече дека ситуацијата со недостиг на судии во Кочани нема да се реши, туку ќе се ублажи со делегирањето на судијката од велешкиот суд.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Градското собрание на Лос Анџелес ќе биде…
Градското Собрание на Лос Анџелес во американската…
Родителите од Кочани официјално побараа средба со…
Семејствата и родителите на починатите во пожарот…
СДСМ: Нема правда без одговорност на Тошковски…
Откако речиси четири месеци Мицкоски и Тошковски…
ОЈО ќе организира средба со родителите на…
Откако за време на вчерашниот протест во…
Кочани ни е во фокусот, вели новиот…
Министерот најави амбициозен план за реформи во…