Судијка поротничка е роднина на една од обвинетите полицајци за „Пулс“, но Кривичниот суд одлучи да не ја изземе од судењето

t

И покрај тоа што судијката поротничка Лидија Петровска е роднина на една од обвинетите во предметот против 13 полициски службеници и началници од ОВР Кочани и од СВР Штип обвинети за загрозување на општата безбедност и сигурност ноќта на 16 март, кога се запали дивата дискотека „Пулс“, подготвителното рочиште се одржа.

Кривичниот суд одлучи дека ќе се одржи главна расправа и го одби барањето Петровска да биде изземена, со образложение дека таа нема интензивна комуникација со обвинетите.

Обвинителството пак, потенцираше дека во целост останува кон поднесеното обвинение.

На прашањето од судот за тоа дали е спорно времето и местото на случувањето на настанот, одбраната на обвинетите Дејан Салтировски, Ванчо Ѓорѓиевски, Стојанчо Филипов и Марјан Радевски тврдеше дека за нив целото обвинение е спорно и не можат да се произнесат на одредени околности.

Дел од одбраната вели дека паралелната кривична постапка што се води за предметот кој се суди во судницата во Идризово претставува сериозна процесна пречка и суштинско претходно прашање, имајќи ја предвид природата на делото што им се става на товар на обвинетите.

Во овој предмет обвинети се заменик-началникот на полицијата Дејан Салтировски, Ванчо Георгиевски, вишиот инспектор Марија Маневска, инспекторот за недозволена трговија со дрога Томо Донев, инспекторот за прифат и сменоводител во ОВР Кочани Драган Петрушев, водичот на безбедносен сектор Кире Богатинов, како и Стојанче Филипов, Благица Митева, Кристина Николова, Мазлу Рамаданов, Дарко Милошевски, Мартин Арсовски и Марјан Радевски.

Според наводите во предметот, на 16 март обвинетите биле дежурни, но истовремено биле и ангажирани во дискотеката. На критичната ноќ кога избувнал пожарот, полициските службеници ниту ја прекинале забавата, ниту спречиле активирање на пиротехниката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Судијка поротничка е роднина на една од…

И покрај тоа што судијката поротничка Лидија…

„Не ја турнал од балконот, но ја…

Обвинителката Адела Бојчевиќ во завршните зборови побара…

Еден час пред почетокот, одложено судењето против…

Сведочењето на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во…

Ние веќе бевме внатре кога ја местеа…

Пиротехничките средства во дискотеката „Пулс“ биле поставувани…

Окружниот суд во Ерусалим го прифати барањето…

Окружниот суд во Ерусалим го одобри барањето…