Ние веќе бевме внатре кога ја местеа пиротехниката, вели сведок во предметот за „Пулс“

t

Пиротехничките средства во дискотеката „Пулс“ биле поставувани во моменти кога објектот веќе бил полн со гости, непосредно пред настапот на групата ДНК. Ова го истакна сведокот Теа Ѓорѓиева на денешното рочиште за трагичниот случај, изнесувајќи детали за атмосферата пред избувнувањето на пожарот.

Ѓорѓиева, која во дискотеката пристигнала околу 1 часот по полноќ, раскажа дека со пријателите била сместена на маса директно пред бината. Таа забележала непознати лица како ги поставуваат пиротехничките направи.

„Видов дека ги поставува, ама не знам кои беа. Не ми беа познати лицата. Беа како рогови, помали. Беа поставени доста блиску до нас, баш му кажав на пријател дека се многу блиску и може да ме испрска на косата“, изјави таа пред судот.

Сведокот опиша дека појавата на чад и повикот од Панчо за евакуација првично не биле сфатени сериозно. Сепак, како што се обидела да излезе, се заглавила во „пушачкиот простор“ меѓу двете врати. Таа се присети на карактеристичната миризба која се проширила: „Досега не бев осетила такво нешто. Како кисело, не знам да го опишам, чуден многу“. Ѓорѓиева раскажа дека била извлечена од страна на обезбедувачот Стојанчо, забележувајќи дека припадниците на обезбедувањето со помош на крпи и маици на лицата се обидувале да ги спасат заглавените млади луѓе.

На денешното рочиште беше констатирано дека судот не добил повратна информација од МВР за поканата за еден од предвидените тројца сведоци, додека друг е во странство и неговото сведочење е најавено за 4 мај. Судскиот процес продолжува на 28 април, кога се очекува вештаците од Судска медицина да ги презентираат обдукциските извештаи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Поднесени обвиненија за поткуп и злоупотреби при…

Основното јавно обвинителство Кочани поднесе обвинителен акт…

Родителите на жртвите од „Пулс“: Обвинителството откри…

Здружението на родителите на загинатите деца во…

Клековски се сретна со повредените од „Пулс“

Министерот за здравство Сашо Клековски синоќа имал…

„50 пати на улица и во судница,…

Во Кочани денеска се одржа 50-тиот „Марш…

Адвокатот Туфегџиќ со предлог како побрзо да…

Судењето за трагедијата во Кочани ќе биде…