Судот не дозволил Михаилова да замине од Македонија
Кочанчанката Ива Михаилова, на која ѝ се суди за сообраќајна несреќа со смртни последици, ја напуштила Македонија и заминала во Бугарија во придружба на нејзиниот бугарски адвокат Николај Димитров, без претходна дозвола од судот. Веста ја објави бугарската национална телевизија БТВ, повикувајќи се на изјави од Михаилова и нејзиниот адвокат.
Нејзиниот адвокат во Македонија, Насер Рауфи, изјави дека бил изненаден од информацијата дека таа ја преминала границата. Според него, немало судско одобрение за заминувањето, а се очекувало да биде поднесено ново барање откако Министерството за надворешни работи најавило можност лекари од Бугарија да ја прегледаат поради нејзината здравствена состојба.
„И јас сум затекнат. Утринава бев известен дека ја поминала границата. Дозвола нема од Судот. Само што сакавме да поднесеме ново барање бидејќи имаше најава од МНР дека ќе дошле лекари од Бугарија да ја прегледаат“, изјави Рауфи.
Тој додаде дека судската постапка би требало да продолжи и во отсуство на Михаилова. На следното рочиште, според него, треба да сведочи сообраќаен вештак предложен од одбраната, кој ќе ја образложи тезата дека таа немала потреба да се движи по спорната лента.
Рауфи претпоставува дека одлуката за заминување била донесена од Михаилова во договор со нејзиниот бугарски адвокат.
Во изјава за БТВ, Михаилова потврди дека се вратила во Бугарија поради влошената здравствена состојба. Таа рече дека границата ја поминала со адвокатот Димитров и дека на граничната контрола ја покажала македонската лична карта.
„Се чувствувам безбедно во Бугарија. Во Северна Македонија бев репресирана поради моето бугарско потекло и тоа беше една од причините зошто ме обвинија“, изјавила Михаилова за бугарската телевизија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Судот не дозволил Михаилова да замине од…
Кочанчанката Ива Михаилова, на која ѝ се…
Манасиевски: Откако бугарскиот амбасадор Филипче сфати дека…
Бугарскиот амбасадор Филипче, кој ги застапува бугарските…
Британскиот премиер ја потврди вмешаноста на Русија…
Енди Барнам изјави дека Русија „јасно“ се…
ЕУ усвои речиси 1.600 нови санкциски внесувања…
Европската Унија денеска усвои речиси 1.600 нови…
Најопасната закана на Америка за Украина досега:…
Администрацијата на Доналд Трамп ги предупреди Украина…