Судот не дозволи изземање на обвинителката за „Пулс“ — обвинителството презентираше докази за работата на инспекторите
Судот на денешното рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ го одби како неосновано барањето за изземање на обвинителката Наташа Сарамандова.
Одбраната на минатото рочиште поднесе барање за изземање на обвинителката Наташа Сарамандова, поради, како што наведе „пристрасно постапување при презентација на доказите со исклучување на елементи од доказите кои се од суштинско значење”, по што, родителите на децата што ги загубија животите во пожарот во дискотеката „Пулс” во Кочани во знак на револт доброволно ја напуштија судницата во КПУ Идризово.
Обвинителството на денешното рочиште презентираше материјални докази кои се однесуваат на работата на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ).
Обвинителството продолжи да ги презентира доказите само со читање на насловите како што се во листата на докази, како записници од претрес и потврда за привремено одземени предмети од МВР, дописи, известувања и записници од СВР Штип, известувања од Државен пазарен инспекторат, како и предмети од ДПИ за „Класик ДМ“ и „ММММ Кафе“, налози за вршење инспекциски надзор и записници од извршени инспекциски надзори од ДПИ.
Јавната обвинителка Наташа Сарамандова, пред изведување на доказите, напомена дека ова не е едноставен кривично-правен настан и има бројни докази кои веќе се при крајот на нивното изведување, а најмногу се однесуваат во однос на околностите зошто во овој настан, последицата е починати 63 лица и тешки телесни повреди кај повеќе од 200 лица, од кои повеќето се млади и деца.
Денешното рочиште започна со задоцнување од два часа поради, како што информираше Судот, проблеми со наредбите за спровод на дел од обвинетите.
Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март 2025 година за време на настап на групата ДНК, загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Ова е една од најтешките трагедии во поновата историја на земјата. Судењето го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Судот не дозволи изземање на обвинителката за…
Судот на денешното рочиште за пожарот во…
Обвинителството ќе презентира нови материјални докази на…
Со изведување на материјални докази од Обвинителство,…
„На Задушница не се заборава“: Се одржа…
На денот на Задушница, семејствата и блиските…
Таткото на Надица од Кочани, на денот…
„Домот требаше да е полн со смеа,…
Сведоци: Деко ги принудувал вработените да кријат…
Во судската постапка за трагичниот пожар во…