Сè поголем е ризикот од суша во Македонија, предупредуваат експертите

t

Македонија се соочува со зголемен ризик од суша, поради што се потребни поголеми финансиски средства за спроведување мерки за адаптација, оценуваат од Центарот за климатски промени по повод Светскиот ден за борба против опустинувањето и сушата.

Оттаму посочуваат дека земјите од Медитеранот, меѓу кои и Македонија, сè почесто се изложени на подолги сушни периоди, намалени врнежи и континуиран пораст на температурите.

Овие климатски промени, како што велат од Центарот, директно влијаат врз водните ресурси, земјоделството и стабилноста на локалните заедници, а последиците сè почесто се одразуваат и преку економски загуби и зголемена социјална ранливост.

Алатката за проценка на ризиците и ранливоста на локалните заедници од климатските промени, изработена во рамки на проектот Green B-LEAF, покажува дека и покрај зголемената изложеност на ризици, подготвеноста на општините во медитеранските региони останува ограничена, што укажува на потреба од посистематски и долгорочни пристапи во управувањето со климатските ризици.

Според националните анализи и проценки, значителен дел од Североисточниот, Скопскиот, Вардарскиот, Пелагонискиот и Југоисточниот Регион во земјата се оценети како ранливи на суша, при што особено чувствителни се Скопската и Штипската котлина, како и Овчеполието. Овие податоци ја нагласуваат потребата од локално прилагодени политики, подобро планирање и инвестиции за зголемување на отпорноста на заедниците.

Од Центарот за климатски промени посочуваат дека сушата останува еден од најсериозните предизвици на современите климатски промени и бара координиран, навремен и интегриран одговор на сите нивоа на управување. Во таа насока, неопходно е зајакнување на институционалните и локалните капацитети, како и обезбедување соодветни финансиски средства за спроведување мерки за адаптација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сè поголем е ризикот од суша во…

Македонија се соочува со зголемен ризик од…

Цената на нафтата драстично падна

Цената на суровата нафта на светските пазари…

БМВ предупредува на „значаен“ пад на профитот,…

Производителот на автомобили BMW AG со седиште…

Министерството за транспорт до СДСМ: Противењето на…

Министерството за транспорт преку соопштение реагираше на…

Фрлил три торби дрога во битолско и…

Вчера во 18:45 часот на потегот помеѓу…