Министерството за транспорт до СДСМ: Противењето на дата-центрите е противење на развојот
Министерството за транспорт преку соопштение реагираше на денешната прес-конференција на СДСМ, оценувајќи дека опозициската партија се обидува да го попречи развојот на државата преку, како што наведуваат, ширење невистини и манипулации околу потенцијалната изградба на дата-центри во земјава.
Од Министерството истакнуваат дека изградбата на дата-центри подразбира исполнување на строги законски и технички стандарди, изработка на сите потребни студии и обезбедување услови за безбедно и квалитетно функционирање.
Според нив, инвестициите во дата-центри во развиените земји достигнуваат милијарди евра и претставуваат еден од клучните двигатели на технолошкиот напредок, дигиталната трансформација и развојот на вештачката интелигенција.
„Во изградба на еден дата-центар во просек се ангажираат најмалку 300 работници, додека за негово оперативно функционирање се вработуваат околу 100 високо квалификувани инженери“, наведуваат од Министерството.
Во реакцијата се посочува и дека дата-центрите се меѓу најголемите корисници и поддржувачи на зелената енергија и имаат значајна улога во транзицијата кон одржливи извори на енергија.
Од Министерството оценуваат дека развојот на вештачката интелигенција и современите технологии ја прават изградбата на вакви капацитети неопходна, поради што, според нив, државата треба да води политики кои ќе ги следат глобалните технолошки трендови.
Воедно, тие ја обвинија СДСМ дека се спротивставува на инвестиции и модернизација, додавајќи дека актуелната Влада е фокусирана на привлекување нови инвестиции и реализација на крупни развојни проекти.
„Државата избира напредок и нови технологии, а времето на криминал и корупција е одамна завршено“, се наведува во реакцијата на Министерството за транспорт.
Оттаму порачуваат дека развојот на модерна дигитална инфраструктура е дел од визијата за економски раст и технолошки напредок на државата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Министерството за транспорт до СДСМ: Противењето на…
Министерството за транспорт преку соопштение реагираше на…
Фрлил три торби дрога во битолско и…
Вчера во 18:45 часот на потегот помеѓу…
15 ИНВЕСТИЦИИ БИ ДОНЕЛЕ 300 МИЛИОНИ ЕВРА,…
Mеѓународниот монетарен фонд посочува власта да го…
ЗНАМ: Појавата на Филипче во Ваташа е…
Вчерашната појава на претседателот на СДСМ, Венко…
„Мицкоски сака водата и струјата на граѓаните…
„Мицкоски и ВМРО-ОКГ сакаат да ги продадат…